Во рамки на кампањата на надпартискиот кандидат за градоначалник на Берово со поддршка на партијата Интегра, Горан Алачки, денес заедно со неговиот пријател Марк Де Јонг, познатата телевизиска личност од кулинарското шоу „Брза кујна“ го посетија градскиот пазар во Берово.
Во пријатна атмосфера со насмевки и позитивана енергија на граѓаните на Берово им ја преставија програмата и поразговараа за животот, сплотеноста и за различните вкусови на храна кои ги нуди нашиот крај.
-Јас оваа кампања би ја нарекол другарска кампања, која што има за цел единство.Крајно време е да бидеме сите една партија, брат на брат да подаде рака, да се даде надеж, да се смират страстите еднаш засекогаш.Роднините меѓу себе да подадат рака и да ги заборават партиските војни.Малешевијата мора да биде едно семејство, бидејќи луѓето овде се веќе 30 години обележани, или се лево или се десно.Јас сакам како медијатор во средината, да ги обединам сите, да им покажам дека само единството може да роди просперитет.Да се даде една насмевка, да ја вратиме насмевката – рече Алачки.
Марк Де Јонг инаку препознатливо лице од ТВ екраните, како еден од двајцата готвачи-виртуози во телевизиското шоу „Брза кујна“ кое оди на ТВ „Сител“ не остана незабележан од Беровчани, го поздравија и му открија и неколку малешевски рецепти кои му беа непознати. Имаше можност да поразговара и да слушне позитивни коментари за неговата работа и популарност која ја следат голем број граѓани на Берово.
Горан Алачки и Марк Де Јонг, се пријатели откако Марк одлучил да се пресели од Белгија и да живее во Македонија.Целта како што рече Алачки е на еден поинаков начин, на сите луѓе во Берово да им се претстави животот полн со насмевки, љубов и единство без разлика на политичка партија Денешната нивна посета на Берово и отвореноста спрема граѓаните, ја финишираа со по една сливова ркија, пинџур и добро познатиот Беровски буламач.
Инаку во програмата „Мое Берово“на кандидатот за градоначалник на Берово, Горан Алачки, туризмот и културата се приоритетни проекти.На претстојните локални избори Алачки ќе настапи под бројот 20.