Кандидатот за градоначалник на Берово, Горанчо Костевски од партијата „Родина Македонија“ денес претстави дел од својата програма, во која како што вели се предвидени реални проекти, кои му недостасуваат на градот и граѓаните коишто живеат во Малешевијата.
Неговата кампања е поразлична од сите вели Костевски, бидејќи не сака да манипулира со граѓаните и да ги троши народните пари за скапи кампањи како што го прават другите партии.Тој секојдневно со видео снимки ги предочува пропустите кои што се направени од сите досегашни градоначалници на Берово.Претставувањето на вистинскиот Македонизам додава Костевски е неговата светла страна, каде повеќе години се бори за достоинството на секој Македонец како во Берово така и во државата.Вели дека ако стане градски татко на Берово, ќе донесе закон за употреба на сонцето со 16 краци и нема да дозволи двојазичност на општинско ниво.
Во неговата програма се предвидени проекти од областа на патната инфраструктурата, изградба на базен и пешачка патека до Беровско езеро, додека најголемо внимание ќе посвети на развојот на планинскиот и селски туризам во Берово, бидејќи како што вели нашето место има најголем потенцијал за развој на оваа гранка.
Еве дел од програмата на кандидатот за градоначалник на Берово, Горанчо Костевски:
1. Поништување на дел од Преспанскиот договор на општинско ниво;
2. Ќе го вратам Шумското стопанство „Малешево“ под надлежност на општина Берово;
3. Изградба на нова Џамија, а постоечката, во согласност со верниците, ќе биде музеј на град Берово;
4. Изградба на базен и задолжителни часови по пливање на основците од цела општина;
5. Изградба на пешачка патека од Берово до езерото;
6. Промена на сообраќајните знаци на :- ул Партизанска-раскрсницата кај Калипсо и кај полиција на раскрсница со ул. Маршал Тито;
7. Изградба на градски тоалети на две места;
8. Нема да дозволам прифатни центри за мигранти;
9. Нема да дозволам соопфатно сексуално вопитание;
10. Воведување на веронаука;
11. Развој на селски и планински туризам;
12. Теретана во секое село од отворен тип;
13. Проширување со една лента на патот Митрашинци -Виница;(но по промена на власта);
14. Ревизија на целокупните документи со експерти на детското одмаралиште Малешево (Браната ) со презентација пред граѓаните и продажба и активирање на истиот;
15. За Клепало нема да ветуваме да го отвориме бидејќи тука смрди на предавство и гнасна политика. Јас лично нема да учествувам во никакви преговори.
На престојните избори кои ќе се одржат на 17 Октомври, кандидатот за градоначалник на Берово од редовите на партијата „Родина Македонија“ Горанчо Костевски ќе настапи под бројот 17.