Граѓаните на соседно Делчево реагираат на големиот број кучиња низ улиците кои се секојдневна слика во градот.Реакцијата и нивната загриженост од ситуацијата, преку неколку пораки и снимено видео го испратиле до Здружението за заштита на животните Про-Анима од Берово, кои експресно излезгоа со соопштение и реакција на социјалните мрежи и прашања до Општинските власти и градоначалникот на Делчево кои како што велат се надлежни и се должни да се справат со овој проблем.Здружението заедно со граѓаните побараа итни мерки од општината и упатија апел до сите да не се посегнува со против правни,нехумани и нечовечки методи за решение на проблемот.Во нивната реакција стои:
Почитувани,
ПРО АНИМА во последните 2 дена доби неколку пораки од жители на Делчево, во кои изразуваат загриженост за ситуацијата и бројноста на кучиња по улиците во градот.Мора да признаеме, видеото кое го гледаме е причина за загриженост, но и предизвикува прашања од повеќе аспекти:
1. Дали работи Општина Делчево на решавање на проблемот со оглед на тоа дека Општините се единствено надлежни за решавање на проблемот со бездомната популација?
2. Дали било кога, барем еднаш, во Делчево, е изречена мерка едукација или казна за неодговорно сопствеништво?Како што може да приметиме во оваа група на видеото, неколку од кучињата се сопственички, ако не и повеќето од нив?
3. Општина Делчево, после којзнае колку години, има потпишано Договор за јавна набавка на услуги – “Набавка на шинтерски услуги за фаќање и третман на кучиња скитници” со економскиот оператор ДОО Ветеринарна станица ЗДРАВЈЕ, но ситуацијата е како воопшто да нема шинтерска служба. Истата ситуација и со служба и без неа. Зошто не се работи континуирано на третман на бездомните?
4. Кога жителите на Делчево, како и жителите низ сите населени места во државата, ќе научат и сфатат како се чува куче? Кога ќе сфатат дека со своето поведение им прават проблем на сите околу себе?
Општина Делчево/Municipality of DelcevoГоран Трајковски – Градоначалник на Општина Делчево
И ние и граѓаните на Делчево бараме превземање итни мерки:
1.СЕЛЕКЦИЈА – поделба кои се сопственички кучиња, а кои бездомни;
2. КАЗНИ ЗА НЕОДГОВОРНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ;
3.ХУМАН ТРЕТМАН ЗА БЕЗДОМНИТЕ;
4.ЕДУКАЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО;Градските власти мора да покажат поголема стручност, посветеност и многу, многу повеќе работа!
Исто така апелираме до сите, НЕ ПОСЕГНУВАЈТЕ ПО ПРОТИВПРАВНИ, НЕЧОВЕЧКИ И НЕХУМАНИ МЕТОДИ, туку барајте го решението од оние кои се платени за тоа!Тие тоа ви го должат!
Во продолжение погледнете видео од реакцијата на граѓаните од Делчево.