ВРВНИТЕ СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТИ НА “ППК ЗЕГИН” ПРЕЗЕНТИРАНИ НА СРЕДБА ВО ОПШТИНА БЕРОВО

ВРВНИТЕ СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТИ НА “ППК ЗЕГИН” ПРЕЗЕНТИРАНИ НА СРЕДБА ВО ОПШТИНА БЕРОВО
јуни 08 17:02 2022

17 пехари, 40 медали и  медал за влез во супер лига,  е исходот на ППК ,,ЗЕГИН”, на  стартот од сезоната на натпреварувања, што беше силен повод,  денеска да бидат на прием во Општина Берово, за да ги презентираат своите огромни успеси.

Топло добредојде во општината,  во чест на успехот на децата од ППК ,,ЗЕГИН”, им посака Раководителот на Одделението за јавни дејности, Биљана Марковска, која им се заблагодари што секаде ја претставуваат Општина Берово во најдобро светло и им посака уште поголеми успеси во иднина.

Градоначалникот Пекевски им ги честиташе успесите, заблагодарувајќи им се што ја афирмираат општина Берово и што во најдобро светло,  секаде се претставуваат.

  • Во името на Општина Берово и во мое лично име, благодарам за Вашите успеси, кои ќе бидат поттик и понатаму да работите и да постигнувате уште поголеми успеси- истакна Пекевски. Општина Берово ќе биде ваш сериозен поддржувач, затоа што вие тоа го заслужувате и затоа што вашите тренери навистина покажаа дека напорната работа, носи големи резултати. Уште еднаш благодарам, продолжете да работите и да носите на општината уште поголеми успеси.

Тренерите на ППК ,,ЗЕГИН”, Јован Ковачовски и Горан Каракутовски, истакнаа благодарност до сите кој дадоа придонес за брзиот развој на клубот, а особено до Благој Механџиски- ЗЕГИН, до Општина Берово, Градоначалникот и општинските служби, до Директорот на  ОСУ ,,Ацо Русковски” и до порталот ,,Малеш нет” за секојдневната поддршка во реализација на активностите на клубот.

Тренерот Ковачовски истакна дека во иднина им престојат уште  многу натпреварувања:

-Mожам да се пофалам дека имаме доста признанија како клуб и како тренери на клубот, , веќе сме препознаени како сериозен клуб, нашата активност беше забележана и од Здружението на новинари , кои не избраа за најбрзорастечки клуб, а нашиот член Изабела Ковачовска е изберена за спортист на годината. Исто така под покровителство на Христијан Аждерски и Благој Механџиски – ЗЕГИН, 12 деца од клубот, во периодот  од 27 јуни до 5 јули,годинава,  ќе посетат летен камп во Грција. Многу е важно да се напомене и  дека 3 деца од ППК  ,,ЗЕГИН” од Берово , се стипендисти на Агенција за млади и спорт и земаат 5.500, 00 денари месечна стипендија како успешни спортисти.

Во името на пингпонгарите се обрати, најстариот член на клубот, Сара Чипевска, која истакна:

-Јас како најстар член  на клубот, сум среќна и горда на она што досега го имаме освоено, бидејќи изминатата сезона успеавме да освоиме голем број на пехари и медали, верувам дека со помош на нашите тренери во иднина ќе постигнеме уште поголеми успеси.

Инаку ППК ,,ЗЕГИН”, на спортската сцена во Берово,  се појави пред 4 години и за краток период, успеа да постигне врвни спортски достигнувања, при што 4 деца од клубот, во следната сезона ќе играат во 1 лига,а останатите ќе се натпреваруваат во посеби категории. Тренерите Ковачовски и Каракутовски,  планирааат понатаму да го развиваат клубот, со упис на нови членови.

  Категории: