Вработените во Водостопанство подружница Берово во соработка со општина Берово, спроведоа акција за чистење на патеката околу Беровско езеро

Вработените во Водостопанство подружница Берово во соработка со општина Берово, спроведоа акција за чистење на патеката околу Беровско езеро
јуни 15 23:26 2022

Вработените во АД Водостопанство на РСМ – Подружница Берово, во соработка со Општина Берово,  извршија акцијата за чистење на патеката околу Беровско езеро, од ресторанот до круната на браната.

Притоа извршено е метење на патеката, чистење   од вегетативни наноси и лисја, со што е спречено поголемо загадување на водата во Беровско езеро, која се користи за водоснабдување и наводнување, што дирекно влијае и на заштита на животната средина.

Исто така соберена е голема количина и на комунален одпад.

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски поздравувајќи ја ваквата позитивна акција , упати благодарност до сите вработени во АД Водостопанство на РМ- подружница Берово, вклучени во истата и посочи дека ваквото системско делување е позитивен пример, кој треба во пракса да го применат сите, со цел да си ја зачуваме и негуваме животната средина .

  Категории: