ВО УЧЕБНИК ЗА 6 ОДДЕЛЕНИЕ: Ако те изнервира жената, изброј до 15 пред да ја заколеш!?

ВО УЧЕБНИК ЗА 6 ОДДЕЛЕНИЕ: Ако  те изнервира жената, изброј до 15 пред да ја заколеш!?
октомври 28 19:46 2020

Децата учат од возрасните, кои пак, им ги пишуваат учебниците, каков што е и учебникот по македонски јазик за шесто одделение во кој е поместен текстот со наслов „Три добри совети“ кои треба да ги подучи децата како да бидат трпеливи.

Еден извадок од текстот, кој е пренесен како народна приказна, откако сторијата беше објавена во порталот А1.он и во други медиуми, денеска ги зовре социјалните мрежи. Во текстот за кој станува збор меѓу другото пишува:

„По некое време селанецот се скарал со жена си и дигнал секира да ја заколе, но веднаш се сетил на советот: Кога ќе се налутиш, изброј до 15, па после да го извршиш тоа што си намислил“.

– При анализа на текстот, го прашав детето што научи од овој текст, а одговорот беше очекуван: Ако те изнервира жена ти, изброј до 15 пред да ја заколеш, вели мајка на ученик додека му помагала во домашната задача.

Автори на учебникот по македонски јазик се Снежана Велкова и Соња Јовановска, а истиот е одобрен во 2011 година и продолжен со одлука на Министерството за образование за 2020 година. Рецезенти се професорите Гоце Цветановски, Татјана Пеливанова и Наташа Киркова.

  Категории: