Со положување свежо цвеќе на споменикот на Јане Сандански во село Смојмирово, денес ОК Вмро Дпмне-Берово го одбележа 150 годиншниот јубилеј од раѓањето на големиот македонски револуционер Јане Сандански.
По тој повод на настанот исто така свежо цвеќе положија и пратеникот во Собранието на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, професорката во Институтот за национална историја Наташа Котлар Трајкова.Во одбележувањето се приклучија и градоначалници од соседните општини, претставници на ветераните на партијата, Унијата на малди сили и унијата на жени на Вмро-Дпмне од Берово и Пехчево, како и претставници на ОМО Илинден Пирин од соседна Бугарија.
Професорката Котлар Трајкова во својот говор пред присутните говореше за животниот пат на Јане Сандански и значењето на неговата револуционерна дејност.
-Јане Сандански претставува апотеоза, тоа значи израз на вековната борба за слобода на македонскиот народ/Тој не е човек кој што размислувал од интереси, тој е човек што се посветил на револуционерната борба и ја сваќал онака како што ја сваќал и Гоце Делчев, бидејќи и двајцата се во иста година родени и одбележуваме 150 години од нивното раѓање.Меѓутоа Гоце Делчев е оној кој што го вовел во организацијата и ја сватил идејата како што треба.Борбата да се води со сопствени сили, Македонија да биде на Македонците, да не се очекува помош од надвор. Јане и инспирација за сите генерации кои доаѓаат после него.Кочо Рацин се обидел дури да напише поема за него, останала во ракопис, меѓутоа тоа е инспирација и за таа генерација меѓутоа и за генерациите кои што ја извеле македонската ослободителна борба.Ние имаме и партизански одреди кои што се крстени со неговото име Јане Сандански.Тоа не се случува туку така, во еден народ во една негова меморија, тоа значи дека претставувал вистински излез на македонските ослободителни стремежи и идеи и во неговото време и во времето кое што понатаму следело – рече професоркта Наташа Котлар Трајкова.
Пратеникот Даган Ковачки , се осврна на зборовите на Сандански за сплотеност меѓу сите и на денешната тешка состојба на државата предводена од моменталната власт.
-Македонија може да опстане доколку е сполотена па токму затоа ние прво повикуваме на македонско национално единство и втората работа повикуваме на општо единство помеѓу сите граѓани без разлика дали се тоа Албанци,Турци, Роми, Власи, Срби и така натаму.Оваа власт која што ја донесе Македонија практично на дезинтеграција, гледате нај задолжена држава сме, немаме никакви странски инвестиции во Република Македонија, последни сме во регионот, најсиромашна држава сме, скоро една третина од населението ни живее во сиромаштија и мислиме дека само на тоја начин можеме со сплотеност и обединетост да ја победиме оваа катастрофална состојба во државата – рече Ковачки.
На крајот присутните засадија дарвја околу споменикот на Јане Сандански во чест на неговото раѓање.
Инаку Јане Сандански кој бил познат како Сандан или Пирински цар, е роден на 18-ти мај 1872 година. Бил истакнат револуционер, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација. Во 1899 година се запознал со Гоце Делчев и Ѓорче Петров и преминал во ТМОРО. Бил главен организатор на запленувањето на мис Елен Стон. Се противел на решенијата на Солунскиот конгрес во 1903 година за востание. Учествувал на Рилскиот конгрес во 1905 година и на окружните конгреси во Серскиот округ.
Починал на 10-ти април 1915 година, на 43-годишна возраст, така што оваа година се одбележува 100 годишнина од неговата смрт. Бил голем противник на врховизмот и на бугарската завојувачка политика кон Македонија. Неговото дело го продолжиле неговите следбеници – санданистите.
Најпозната мисла на Јане Сандански е „Да живееш значи да се бориш – робот за слобода, а слободниот за совршенство“.