Општина Берово, на ден 13.12.2021 година (понеделник), ќе врши заловување на кучиња скитници, кои ќе бидат затекнати на јавни површини.
-Го известуваме населението на Општина Берово, дека следните денови ќе отпочне со реализација законската обврска за заловување на бездомните кучиња, односно, нерегистрирани и регистрирани кучиња, кои ќе бидат затекнати на јавни површини.Согласно законските одредби, апелираме до сопствениците на миленици, своите кучиња да ги држат во сопствените дворни места.Во случај на заловување на куче кое има сопственик, односно не е бездомно куче, трошоците за третман на кучето, паѓаат на товар на самиот сопственик – се вели во соопштението на општината.
Заловувањето на кучиња, ќе го врши фирмата ,,ИНО- ВЕТ” Куманово, по претходно склучен договор.Вакви и слични акции ќе бидат извршени на неколку пати во наредниот период, за што навремено ќе информираме, а се со цел да го решиме проблемот со кучињата скитници во општина Берово.
Инаку претходната недела, граѓаните на Берово беа сведоци на немил настан со труење на кучиња, од кои неколку го загубија животот.Досега неколку пати се случувале вакви настани, но никој од трујачите на кучиња и покрај пријавите, не бил фатен и санкциониран.