Со низа активности веќе втор ден во детската градинка ,,23 Август” во Берово, се одбележува неделата на детето.
Во рамките на обележување на недела на детето, денеска градоначалникот Звонко Пекевски ги посети дечињата во детската градинка ,,23 Август” во Берово, каде на сите дечиња им посака среќно и безгрижно детство и пријатен престој во детската градинка.
-Грижата за децата, е нашиот приоритет и постојано работиме на унапредување на условите за децата, како и проширување на капацитетите. Бев пријатно почестен со креативноста на децата и со она што тие го знаат и умеат, при што имав можност да уживам во тоа што тие го научиле – истакна градоначалникот Пекевски.
Во склоп на одбележувањето на Светската недела на детето, денес групите од 5 и 6 години при детската градинка ОЈУДГ “23 Август” ја посетија и Градската библиотека „Димитар Беровски“ Берово.
Инаку првата недела од октомври, детската градинка ,,23 Август”, секогаш, со низа активности ја обележува и им ја посветува на децата.