Во Берово презентирани активните мерки од ИПАРД Програмата

Во Берово презентирани активните мерки од ИПАРД Програмата
мај 16 13:38 2023

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска, во Бизнис Инкубаторот во Берово, организира промотивна кампања, со цел запознавање и доближување на можностите за користење на средства од ИПАРД Програмата до потенцијалните корисници.

ИПАРД Програмата, има многу голем опфат, во сите економски гранки, преку трите акредитирани мерки, за користење на средства, за инвестиции преку европскиот ИПАРД фонд:

Мерка 1: Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства (инвестиции во изградба на фарми, набавка на трактори и земјоделска механизација, инвестиции во преработка на сопствено земјоделско производство, подигање на нови насади и слично)

Мерка 3: Инвестиции во основни средства, за преработка и маркетинг од земјоделски производи (изградба на преработувачки капацитети- млекари, кланични капацитети, млечни капацитети, производство на месни производи, винарии, преработка на овошје и зеленчук и опремување со машини и опрема на истите и слично)

Мерка 7: Диверзификација на фарми и развој на бизниси во рурални средини (поддршка на сите производни капацитети, од сите дејности кои се лоцирани во рурални средини)

Мерката 7, можат да ја користат сите производни компании, кои планираат да инвестираат во проширување на своите капацитети и унапредување на производниот процес.

На настанот присуствуваат претставници на Телото за управување со ИПАРД и претставници на Агенцијата за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

-Имајки го во предвид кусиот рок за аплицирање по оваа мерка, како што истакна Александар Антески од Министерството за шумарство и водостопанство, по Мерка 3, ќе може да се аплицира само за набавка на опрема за преработка на земјоделски производи .

-Денес сме во Берово како дел од кампањата за претставување на ИПАРД Програмата. Бидејки сме на крај на спроведување на програмскиот период 2014-2020 и од таа програма остана неискористена уште Мерка 3 и уште еден јавен повик кој што следува во наредниот период, Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и други производи. Оваа мерка по тој јавен повик, се очекува некаде кон крајот на јуни и почетокот на јули месец, а ќе може да се аплицира само за набавка на опрема, рече Антески.

Во однос на новата ИПАРД програма 2021-2027 година, се очекуваат јавни повици, односно јавен повик, на кој ќе бидат објавени две мерки, Мерка 1 и Мерка 7, во истиот период како и Мерка 3 од старата ИПАРД Програма. Тоа значи дека ќе имаме можност за инвестиции, по сите три инвестициски мерки дали од Ипард 2 или од Ипард 3 Програмите. Денес конкретно ќе ги претставиме инцестициите по однос на мерка 3, од ИПАРД Програмата на земјоделски производи, за потоа да продолжиме со Мерка 1 и мерка 7 од новата Програма. Колегите од Агенција ќе ги презентираат постапките и начинот на аплицирање за мерките до финална исплата и на крај ќе имаме прашања и разговори колку земјоделците поединечно имаат интерес за некој типичен проект.

Се надеваме дека денешната презентација ќе биде корисна и потенцијалните корисници ќе изнајдат начин на кој ќе можат да ги користат средствата од ИПАРД Програмата, кое нешто ќе донесе нови инвестиции во земјоделството и во производните компании.

  Категории: