Во Берово одржан Локален младински форум во рамките на проектот ” Еко активизам – младите креираат одржлива иднина”

Во Берово одржан Локален младински форум во рамките на проектот ” Еко активизам – младите креираат одржлива иднина”
мај 02 21:28 2024

Во рамките на проектот „Еко активизам – младите креираат одржлива иднина“ , што го спроведува Здружението Амброзија, денес во Општина Берово се одржа Локален младински зелен форум, чија цел беше да се слушнат барањата на младите од Општина Пехчево и Берово, нивните идеи и препораки за решавање на приоритетните проблеми со животната средина.

На состанокот беа присутни и претставници од локалните институции со кои се зборуваше за тоа како може да се воспостават партнерства за поголема вклученост на младите во процесите на креирање политики на локално ниво, унапредување на нивната положбата во заедницата и градење на капацитетите на младите како идни лидери во општеството.

Проектот „Еко активизам – младите креираат одржлива иднина“  се реализира во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини”, имплементиран од Македонско здружение на млади правници,  Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центар за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија.”

  Категории: