Во Берово одбележан светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.

Во Берово одбележан светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.
ноември 20 21:12 2020

Општина Берово, во соработка со Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Отсек за превенција СВР Штип и ОВР Берово, денеска, во знак на светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, низ кампања упати пораката до возачите: ВОЗЕТЕ Одговорно! ЧУВАЈТЕ ГО ЖИВОТОТ ЗАТОА ШТО Е САМО ЕДЕН!

Градоначалникот на Општина Берово, заедно со претставници од ОВР Берово, Отсек за превенција СВР Штип и претставник од Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, поделија флаери и ароматизери за автомобил, со апел: ,,Вози Одговорно” „Покажи грижа!“, „Разбуди ја свеста!“.

Целта на кампањата е превентивно делување и подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот – да се намалат последиците, да патуваме безбедно, возачите да бидат повнимателни и да се намали бројот на сообраќајните незгоди, во кои ќе има жртви и последици.

Благодарение на ваквите превентивни кампањи, годинава има значително намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Општина Берово, упатува АПЕЛ до сите возачи:

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО!- Како учесник во сообраќајот, дајте свој придонес, во безбедноста на сообраќајот на патиштата.

  Категории: