ВО БЕРОВО ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КУЌИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ШТИП И БЕРОВО ЗАЕДНО ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА РОМСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ“

ВО БЕРОВО ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КУЌИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ШТИП И БЕРОВО ЗАЕДНО ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА РОМСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ“
август 10 19:11 2022

Во рамките на проектот ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”, денес се отпчна со активност за реконстукција на 15 ромски куќи во Берово. Во склоп на денешната активност беше одржана и средба во општина Берово на која присуствуваа  раководителот на Одделението за локален економски развој, локалниот координатор и проектниот менаџер, претставници од Здружението за одджлив развој-Зелен Институт од Скопје, како и советникот на премиерот на Македонија за инклузија на Ромите, Елвис Мемети, каде што беше разговарано за досегашните активности кои што се имплементираат во рамки на проектот.

Исто така имплеметаторите на проектот,беа на теренска посета на неколку од куќите за кои денес се отпочна со реконструкција.

-Сега се наоѓаме на терен во посета на ромската заедница, да видиме и да го означиме почетокот на реконструкцијата на живеалишта на 15 ромски семејства, што значи некаде околу 100 лица, ќе бидат опфатени со оваа интервенција и драго ми е што имавме можност да разговараме со дел од заедницата во однос на започнувањето на оваа реконструкција, која што треба да зварши некаде во период од три месеци.Констатиравме дека се направени неколку интервенции, имено во рамките на социјалното домување, драго ми е што од 60 семејства, 19 ромски семејства се вклучени во социјалното домување во општина Берово, а од аспект на легелизација можеме да кажеме дека општина Берово е првата општина која што поставува една добра основа за прашањето со легализирани живеалишта кај ромската заедница, која што ќе биде модел и за останатите општини во државата.Исто така во рамките на овој проект обезбедени се 600.000 денари за доградување на канализациониот систем кој што ќе овозможи некаде околу 35 ромски семејства да имаат соодветни приклучоци – рече Елвис Мемети, советникот на премиерот на Македонија за инклузија на Ромите.

Со самиот проект претходно се направени неколку активности во Берово, од кои е направено поплочување на 250 метри крак од улицата 23 Август во ромското маало, за која е предвидено и понатамошно продолжување.

-Денес имамвме теренска посета на неколку од куќите каде се започна нивната реконструкција.Со самиот проект се направени неколку актовности, имплементирани а тоа се, поплочување на 250 метри крак од улицата 23 Август, за која што планираме да продолжи во следниот период, потоа се набавени 124 канти за отпадок и се доделени во ромската населба, спроведен е попис на ромското население во Берово, исто така поставена е водоводна мрежа и фекална канализација , а исто така кон крајот на овој месец ќе ги имаме податоците од спроведениот попис – истакна Ферди Исмаили проект менаџер на Здружението за одджлив развој-Зелен Институт од Скопје.

На денешната средба присуствуваше и претставникот од општина Штип и член на управниот одбор за спроведување на проектот Ерол Адемов, кој истакна дека партнерскиот проект во општина Штип се спроведува и се отпочнати поголемиот дел од предвидените активности.

-Поголемиот дел од активностите во општина Штип се започнати, а тоа е дека кампањата за социо-економскиот статус е завршена, каде што граѓаните беа информирани за правата и можностите кои што можат да ги добијат од страна на институциите.Она што беше тековно и го завршивме е социо економски цензус односно попис на самото ромско население на ниво на цела општина Штип и можам да истакнем дека локацијата која што беше повеќе пати менувана, официјално веќе ја имаме каде ќе се градат 47 куќи за ромски семејства кои што времено се сместени во старото нервно одделение и она што е најново можам да кажам дека тендерот и постапката за изготвување на ДУП е завршено и очекуваме во текот на оваа или следната недела да се потпише договорот со изведувачот и да можат да започнат активностите за детален урбанистички план кој че се однесува за оваа ромска населба – рече Ерпл Адемов претставник од општина Штип и член на управниот одбор за спроведување на проектот.

Проектот ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници” е предвиден да трае до 1 Јануари 2024 година, меѓутоа ќе има можност за продолжување согласно ковид ситуацијата претходните две години и менување на цените на пазарот.

Инаку вкупниот грант на проектот е во вредност од  895.400,00 евра, во кој  799.950,00 се средства од ЕУ, а општините Штип и Берово ќе учествуваат со сопствени средства во износ од 95.450,00 евра.Во соработка со Здружение за одджлив развој-Зелен Институт од Скопје,заеднички на овој проект се работи на подобрување на  условите за живот на ромската заедница, кој финансиски е поддржан од Европска Унија, преку Делегација на ЕУ во Скопје, во согласност со акциската програма за инклузија – ИПА 2 од 2019 година.

Во продолжение видео од денешниот настан: