Поради актуелноста на барањето за декриминализација на мархуаната од страна на Здружението за канабис и зелени политики, БИЛКА, еМагазин ја праша Владата, кој е нејзиниот став по оваа прашање.
„Владата на Република Македонија, следејќи го принципот на слобода на говор и отворена дебата секогаш ќе ја охрабрува јавноста и граѓанските организации да отворат дебати за сите прашања кои се од интерес на граѓаните на земјава и очекува за истите да се разговара без предрасуди, базирано на факти, како и врз основа на јасни индикатори. Владата на РМ секогаш ќе ги носи своите одлуки врз база на презентирани аргументи и ќе се води од приоритетите и интересите на граѓаните„, велат од Владата. Во Македонија поседување и на една цигара со марихуана за лична употреба е кривично дело
ИЗВОР: vecer.press