Почитувани љубители на планината и планинските спортови,Чест ни е да ве поканиме на нашиот настан „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТ АВАНТУРА 2020“ во организација на Планиннарско Спортскиот Клуб Малешевска Корија, Берово, што ќе се одржи во Берово на 19 Септември 2020г. Настанот е поддржан од „European Week of Sport Macedonia / Европска недела на спортот во Македонија“, насловена како #BeActive.Овој настан ќе биде дел од серијалот настани со цел, развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, промовирање на стил за водење грижа за здрав живот на секој поединец, кои се организирани или подржани од #BeActive.Настанот кој вклучува две планински велосипедизам – „МТБ“ тури, многу забава и дружење, е наменет за сите љубители на природата, млади, рекреативци, спортисти, како и за оние љубопитните кои сакаат да ја почувствуваат планината одблиску низ активно искуство.
Инаку Спортско Планински Клуб „Малешевска Корија“ во 2018 година успесшно го реализира првио Outdoor Festival – „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТ АВАНТУРА 2018“ во Берово,кој беше одлично прифатен и високо оценет од учесниците и пошироката јавност.
Во продолжение видео од Outdoor Festival – „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТ АВАНТУРА 2018“