ВИДЕО: УЧЕСНИЦИ ОД ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ГИ ИГРАА МАКЕДОНСКИТЕ ОРА.ОДРЖАН СЕМИНАРОТ НА НАРОДЕН ФОЛКЛОР ВО БЕРОВО.

август 15 10:16 2018

Во периодот од 25 јули до 03 август годинава, во просториите на Хотел Манастир во Берово, во организација на македонскиот познат уметник со малешевско потекло Горан Алачки, се одржа Семинар на народен фолклор на кој има учесници од повеќе држави Холандија, Америка,Норвешка, Белгија, Германија, Австалија, Бугарија, Србија.

Целта на семинарот е ширење на македонскиот фолклор преку танц, песни и инструментално интерпретирање, со цел зачувување, афирмација и ширење на Македонската култура насекаде низ светот. Претставници на заедниците се поканети да се запознаат со душевната уметност на македонските фолклорни традиции, доаѓаат и се враќаат во нивните земји станувајќи Амбасадори во ширењето на македонските богати уметнички традиции.

  Категории: