ВИДЕО СТОРИЈА: ИВАН ОД СЕЛО БУДИНАРЦИ СЕУШТЕ ГО ДРЖАТ СПОМЕНИТЕ КАКО ЧЛЕН НА ПОЧЕСНАТА ГАРДА НА ДРУГАРОТ ТИТО

ВИДЕО СТОРИЈА: ИВАН ОД СЕЛО БУДИНАРЦИ СЕУШТЕ ГО ДРЖАТ СПОМЕНИТЕ КАКО ЧЛЕН НА ПОЧЕСНАТА ГАРДА НА ДРУГАРОТ ТИТО
март 22 01:33 2024

Случајно во градскиот парк во Берово го сретнавме 82-годишниот Иван, кој иако многу не го држат нозете, сепак меморијата и сеќавањата за служењето воен рок на почесната единица гарда на претседателот Тито, сеуште ги памети во секој детал. Разговорот со него најпрво започна со денешната ситуација во нашиот крај и воопшто во државата, со заклучок од негова страна дека вакво нешто како односот на младите кон старите, изгубените вредности како македонски народ кој во минатото бил ценет насекаде во светот, воопшто не ни помислувал дека ова ќе се случи.

Безброј пати го има пречекано Тито од неговите патувања низ светот и пристигнувања со странски државјани во 18 месечното служење на воениот рок. Но, вели ваков човек ретко се раѓа, ова е пример за претседател, кој својот ум го пренел и го дал насекаде во светот и неговите идеи биле применувани низ многу држави.

Од безбројните случки кои лично ги има со поранешниот претседател на Југославија, ви пренесуваме разговор, во кој сентименталните спомени од едно убаво време и до ден денес му влијаат позитивно и му причинуваат задоволство кое никогаш додека е жив нема да престанат.

  Категории: