(ВИДЕО) СО ПОДГОТОВКА НА ЗДРАВА ТРПЕЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКАТА СТРУКА ПРИ БЕРОВСКАТА ГИМНАЗИЈА ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА ЗДРАВЈЕТО

(ВИДЕО) СО ПОДГОТОВКА НА ЗДРАВА ТРПЕЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКАТА СТРУКА ПРИ БЕРОВСКАТА ГИМНАЗИЈА ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА ЗДРАВЈЕТО
април 08 19:39 2024

Учениците од угостителсо-туристичката насока при гимназијата ОСУ„Ацо Русковски“ во Берово, приредија вистински кулинарски способности со што го одбележаа светскиот ден на здравјето. Тие заедно со нивните професори и членовите на Младинскиот канцеларија во беровската гимназија, на нивните соученици од 9 -то одделение им подготвија богата трпеза и здрава храна, спремана токму од самите нив во прекрасниот амбиент на ресторанот Ловен Дом во Берово.

Како што истакна професорката Весна Ралповска, ова одбележување на светскиот ден на здравјето е поврзно со потребата за здрава храна која ни е потребна на сите нас за здрав живот.

-Денес се поканети учениците од 9-то одделение, да присуствуваат на овој настан и да видат како нивните соученици од угостителсо-туристичката струка подготвуваат здрава трпеза, со здрава храна. Ваквите настани се трудиме да ги организираме што почесто, се со цел учениците да имаат можност, во реални услови да работат и практично да се едуцираат, односно еве денес сме во Ловен дом, тука да подготвата храна и истата да ја подготват – рече професорката Ралповска.

Беровската гимназија додаде професорот Ангел Матеничарски, соработува со повеќе компании каде се реализира практична настава на учениците од угостителско – туристичката струка.

-И покрај теоретската настава кој ашто се реализира во нашето училиште и опремените кабинети по практична настава, сепак многу често соработуваме со компаниите кои секогаш ни излегуваат во пресрет, со цел да реализираме токму таква практична настава, учениците ги оспособиме и да добиваме на стручан кадар – истакна професорот Матеничарски.

Освен денот на здравјето, на денешниот ден од страна на директорката на беровската гимназија Душанка Паговска, упати честитка поповод 8-ми Април денот на Ромите, додека од страна на членови на Младинската канцеларија беше одражан говор посветен на припадниците на ромскиот етникум.