(ВИДЕО) СЕРИЈАЛ РАСПЕАНИ БЕРОВЧАНИ

(ВИДЕО) СЕРИЈАЛ РАСПЕАНИ БЕРОВЧАНИ
април 25 23:19 2021

Порталот Малеш Нет започнува кампања за презентација и зачувување на Беровското богато музичко и културно наследство, што ни го оставиле реномираните музичари и боеми од Берово.Целта ни е да ги собереме прекрасните музички нумери и видеа, кои сведочат за едно време кога Малешевските звуци биле секојдневна навика на слушање, да го презентираме големиот талент кој постоел и ќе постои во нашето поднебје и да ги сочуваме од заборав песните испеани и одсвирени од нашите врвни Беровски мајстори, кои оставиле и ќе остават белег за сегашните и идните генерации.

Од контактите кои ги направивме со наши Беровчани, најдовме снимени песни на магнетофонски ленти, кои се реткост но сеуште постојат и наскоро ќе бидат презентирани и достапни за сите Беровчани.Дојдовме и до вредни информации за Беровските чалгии на времето, за рачната изработка на инструменти во Берово кое не заостанувало ни најмалку зад другите поголеми градски центри во Македонија, како што се Велес, Битола, Скопје, Тетово, Охрид, Штип, Крушево, Кавадарци, Неготино, каде исто така чалгијата била развиена.

Оваа вечер ви претставуваме видео од Беровските чалгаџии и дел од историјата на чалгаџиите, во што ни помогна нашиот врвен музички амбасадор на Берово, Тимко Чичаковски, за што упатуваме голема благодарност до него.

Кратка Историја:

Со појавата на градските центри и чалгиските оркестри, се појавуваат и врвни талентирани музичари кои оставаат белег во времето во кое живееле, но и за генерациите што доаѓаат да раскажуваат за нив. Беровските чалгиски музички дејци несомнено оставиле огромно богатство кое во времето на нивното постоење успевале да го создадат, интерпретираат и пренесат на помладите генерации. Како потврда дека Берово создало талентирани музичари е и податокот дека во крајот на XIX и почетокот на XX век во Берово постоеле неколку музички чалгиски тајфи. Во овој момент би сакале да ги споменеме имињата на врвните чалгаџии во Берово, како што се: Данчо Рунтевски, Васил Кафтански, Коста Клинчарски, Ѓорѓи Чиплаковски, Методи Чиплаковски,Вано Биковски, Паис Ролевски, Герасим Рунтевски, Методи Рунтевски, Киро Рунтевски, Глигор Скендерски, Борислав Пачемски, Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев.

Серијал емисијата „Распеани Беровчани“ е прекрасен музички серијал од 21 емисија, снимен во 1973/74 година. Ова е еден од најзначајните проекти на ТВС (телевизија Скопје), снимен е во црно-бела техника, со исклучок на една емисија. Песните се прав раритет, но за жал немаме можност често да ги слушаме.

уредник: Петре М. Андреевски

сценарио и музички соработник : ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ

режисер : Благоја Андреев Производство на РТС/МТВ/МРТ

  Категории: