Вакцинацијата против Ковид 19 вирусот на граѓаните над 75 години во Берово, веќе втора недела се одвива во најдобар ред без никакви несакани последици.Граѓаните како што велат од Здравниот дом во Берово, навремено доаѓаат на закажаните термини за вакцинација, а се очекува вкупно 180 граѓани да бидат имунизирани со вакцината „Астра Зенека“, каде што втората доза за имунизација завршува утре.
-Претходната недела започна вакцинацијата против Ковид 19 без никакови проблеми.Направени се термини и распореди, има доставено списоци кај матичните лекари и распоредени се рамноправно кај сите.Со првата доза беа вакцинирани 107 пациенти, немаше ниту една несакана реакција,ниту посебни компликации кај пациентите.Во втората доза се пристигнати 100 вакцини и сеуте тече вакцинацијата оваа недела која се очекува утре да заврши.Вкупно ќе бидат вакцинирани од 170 до 180 граѓани – изјави д-р Весна Коловска директор на „Здравен Дом“ во Берово.
Граѓаните на Берово кои денес ја примаа вакцината „Астра Зенека“ велат дека треба да се имунизираат луѓето со цел побрзо справување со Ковид 19 кризата.
Поради зголемениот број на позитивни со Ковид 19 во Берово од беровската здравствена установа исто така упатија апел до граѓаните слободно да се пријават кај матичните лекари и да се вакцинираат, додека апел упатија и до младите Беровчани да не се групираат и да ги почитуваат протоколите бидејќи .
-Апелирам до граѓаните поради зголемениот број на заболени од Ковид 19 како и секаде во државата па и тука, посебно до повозрасната популација да се вакцинираат и слободно да се пријават кај матичните лекари за вакцина.На младите препорачувам да не се собираат, да ги почитуваат протоколите поради напливот на пациенти во болниците.Не можеме да оговориме ние како медицински персонал од зголемениот број на болни со Ковид 19 и уште еднаш потенцирам да се почитуваат мерките на претпазливост за да се стави крај на ова зло – додаде Коловска.
И докторката Мери Јованова која е задолжена за спроведување на вакцинацијата во Берово, ни потврди дека имунизацијата се одвива во најдобар ред и без никакви последици.
Од Здравниот Дом во Берово очекуваат дека во најскоро време ќе пристигне и третата доза на вакцини за имунизација и се надеваат дека брзо ќе започне и масовната имунизација на населението, па со почитување на мерките ќе придонесе за конечно ослободување од Корона пандемијата.
Инаку моменталната ситуација со Ковид 19 во Берово, е сеуште загрижувачка.Од почетокот на пандемијата вкупно се заразиле 979 граѓани а моментало активни се 63 пациенти.Со вчерашните тројца починати во Берово, вукпно животот го изгубиле 33.