(ВИДЕО) ИНТЕРВЈУ СО ГОРАНЧО КОСТЕВСКИ, КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БЕРОВО ОД ПАРТИЈАТА РОДИНА.

(ВИДЕО) ИНТЕРВЈУ СО ГОРАНЧО КОСТЕВСКИ, КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БЕРОВО ОД ПАРТИЈАТА РОДИНА.
октомври 09 12:07 2021

Кандидатот за градоначланик на Берово од партијата Родина, Горанчо Костевски во интервјуто за порталот Малеш Нет, престстави дел од своите проекти, кои реално му недостасуваат на Берово.Во неговата програма тој најави проекти наменети за младите во Малешевијата, проекти од областа на инфраструктурата, изградба на градски тоалети, пренамена на караулата во планинарски дом, теретана во секое село во Малешевијата, а како прво што ќе направи ако стане градски татко на Берово, ќе ја смени таблата на влезот од општинската зграда каде го пишува зборот Северна пред Македонија и ќе го поништи Преспанскиот договор на општинско ниво.

Неговата кампања вели Костевски, ја започнува со скромни 100 до 200 евра.Не е задоволен од досегашниот тек на предизборната капања, очекува притисоци кон неговите симпатизери кои и сега ги има и не фер и не демократски избори.

Да не откриваме повеќе, погледнете го интервјуто со Горанчо Костевски кандидат за градоначалник на Берово од партијата Родина.