(ВИДЕО) ЗАВРШНИ АКТИВНОСТИ ПО ПРОЕКТ „СПАСУВАЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ЕДНА ПЛАНИНА ДОЛЖ ДВЕ РЕКИ“

(ВИДЕО) ЗАВРШНИ АКТИВНОСТИ ПО ПРОЕКТ „СПАСУВАЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ЕДНА ПЛАНИНА ДОЛЖ ДВЕ РЕКИ“
јули 02 15:35 2021

Во рамките на проект CB006.2.12.120, “Спасување на жителите од една планина долж две реки”, деновиве во Берово, претставници од Бугарија и општина Берово, имаа можност да ги проследат завршните активности.

Денеска во големата сала на Општина Берово, се одржа завршна пресконференција на која беа презентирани резултатите од проектот, а претставници од Струмјани и Берово ја проследија и дводневната обука на тема „Подигање на свеста за превенција од природни катастрофи“.

Како учесници на оваа обука, беа претставници од сите населени места од општина Струмјани, како и претставници од институциите  и невладин сектор од Берово,во чија надлежност е превенцијата и заштита од природни катастрофи.

Проектот  “Спасување на жителите од една планина долж две реки” реф. № CB006.2.12.120, е финансиран од Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ Бугарија – Република Македонија и  има за цел да ја подигне свеста кај локалното население,  за нивната улога во природните катастрофи и за тоа како да се избегне создавање предуслови за катастрофа.

Обуката е дел од реализирањето на активности по проектната апликација со која е предвидено не само изградба на инфраструктура, туку и обука на лицата за подигање на свеста.

Присутните беа поздравени од страна на Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, кој упати благодарност до општинската администрација за ангажманотт за успешната реализација на овој проект. Како што додаде тој,  со овој проект, општината добива нов урбан лик, и на задоволатво на жителите на Берово, ново урбано катче за одмор и рекреација. Исто така нагласи дека  овој проект, во повеќе наврати е утврден како приоритет од граѓаните, за да конечно сега е реалност.  По истиот повик од прекугранична соработка, најави реализација на уште еден проект од големо значење а тоа е ,,набавка на специјално возило, за справување со природни катастрофи, со модул за гаснење на шумски пожари, како и модул за справување со снежни наноси.

Градоначалникот на општина Струмјани, Република Бугарија,  Емил Илиев ја истакна  успешната соработка помеѓу двете општини од двете страни на границата, додавајќи дека двете општини ги уредија речните корита на река Брегалница и Царева Река и создадоа нови рекреативни зони за своите жители и услови за спасување од поплави. Тој посочи дека соработката продолжува и понатаму, при што  најави дека преку новиот повик за финансирање на проекти од прекугранична соработка конечно ќе продолжат инфраструктурните активности за отворање на граничниот премин Клепало.

Во рамките на овој проект, во Берово е реконструиран Кеј на река Брегалница од мостот кај хотел Македонија, до мостот на спој со ул.,,Велко Влаховиќ” и улица ,,7” и е реализиран во рамките на проекти од прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија, финансиран од ЕУ.

По завршувањето на завшниот настан, присутните беа во посета на лице место на завршените инфраструктурни работи на Кеј на река Брегалница.

Проект CB006.2.12.120 “Заштита на жителите од една планина долж две реки”. Проектот е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија Програма 2014-2020, CCI 2014TC16I5CB006. Оваа публикација е издадена со асистенција на Европската Унија преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија -Северна Mакедонија, Програма 2014-2020,- CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа публикација е во целосна одговорност на Општина Берово и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.