(ВИДЕО) ЕКОНОМСКИ СОВЕТНИЦИ ВО ПОСЕТА НА БЕРОВО.

(ВИДЕО) ЕКОНОМСКИ СОВЕТНИЦИ ВО ПОСЕТА НА БЕРОВО.
јуни 04 14:18 2021

Во рамките на информативната тура, за запознавање со можностите и капацитетите за инвестициии, извоз и туристичка понуда на РС Македонија, вчера, во големата сала на Општина Берово, Градоначалникот Пекевски, претставници од општинската администрација и бизнис секторот, остварија средба со претставници од Министерство за надворешни работи.

Целта на посетата беше запознавање на Берово, како туристичко место, како и запознавање на туристичките и инвестициските потенцијали на општината.

Денеска остваривме средба со претставници од Министерството за надворешни работи, со цел да се продлабочи соработката меѓу Општина Берово и Министерството, да се презентираат потенцијалите на Берово, за инвестиции и развој, особено во делот на туризмот. Се надевам дека го запознаа Берово, со сите негови потенцијали и очекувам дека соработката понатаму ќе продолжи, во насока на развој на туризмот во општина Берово и нови инвестиции- истакна Градоначалникот Пекевски.

Можностите за развој и инвестиции на општината , трите индустриски зони , од кои една мало и лесно стопанство , градска зона и слободната економска зона, беа презентирани од страна на Раководителот на Одделението за ЛЕР при општина Берово, Ѓорѓи Пеовски, со посебен акцент на туризмот како стратешка гранка а исто така неизоставен дел од презентацијата беа и традиционалната храна, земјоделските производи и еколошки недопрената природа.

Дина Муцунска менаџер на хотелот „Манастир“ во Берово, истакна дека специфичните каректеристики на нашиот град како што се планинското опркружување, големата концентација на кислород во воздухот и големиот број сончевите денови во годината, се силните страни на Берово, со кои непречено може во текот на целата година да се развива туризмот.Исто така Муцунска, додаде дека и велосипедските и планински патеки со кои изобилува Берово, како и традиционалната храна и зачуваната традиција се добитната комбинација за привлекување и преставување пред странците кои токму ова и го посакуваат.

Целта на ваквите средби, е остварување на директни средби на економски советници со претставници на локалната самоуправа и стопанственици, при што, економските советници кои ќе бидат на мисија во Анкара, Абу Даби, Варшава и Минхен ќе се запознаат со потенцијалите на општините.

Во рамките на средбата компанијата ,,Агромах” од Берово изрази интерес, за натамошна соработка преку економскиот советник од Турција во Анкара.

  Категории: