(ВИДЕО) ВО БЕРОВО ОТВОРЕН ПРВИОТ КНИЖЕВЕН ФЕСТИВАЛ „МАЛЕ МАЛЕ“

(ВИДЕО) ВО БЕРОВО ОТВОРЕН ПРВИОТ КНИЖЕВЕН ФЕСТИВАЛ „МАЛЕ МАЛЕ“
јули 31 11:01 2022

Прекрасна прва вечер на првиот уметничко – книжевен фестивал во Малешевијата насловен “Мале Мале” кој синоќа започна во Берово.„Сити Паб“ во Берово беше преполн со посетители, што покажува дека вакви случувања му фалат на нашиот град.Публиката имаше можност да ја погледне изложбата на цртежи на Владимир Лукаш, додека интересот на Беровчани посебно го привлече поетските читања од писателите и учесниците, кои беа придружувани од прекрасна музика и најразлични звуци во живо.

На настанот присуствуваше и градоначалникот Звонко Пекевски, кој го отвори фестивалот и изрази задоволство од организацијата на фестивалот, посакувајќи во иднина да прерасне во традиција и Малешевијата да биде препозната токму по овој културен фестивал.

-Горд сум што во идејата за одржување на ваква манифестација е вклучена нашата сограѓанка Тања Аждерска и се надевам дека овој фестивал ќе стане препознатлива манифестација во регионот, која ќе ги освои уметничките и поетски дејци и ќе биде постигната целта на организаторите да го развигори културно-уметничкиот дух во Малешевијата и да прерасне во традиција. Овој фестивал значи за Берово, како еден нов културен настан во развојот на културата, воведувајќи нова креативна енергија и обединување на културните вредности и се надевам во иднина ќе продолжи да се надградува и да се збогатува поетско уметничката ризница, со нови откритија и перспективи – рече Пекевски.

Какао што истакна нашата Тања Аждерска (Павловска) еден од иницијаторите за одржување на фестивалот, целта на настанот е врќање на корените преку развигорување на културно – уметничкиот дух во Малешевијата.

-Идејата се роди лани, кога го одржавме првиот книжевен настан овде во Берово, имаше промоција на две книги од поетот Тихомир Јанчовски кој што има потекло од овде од Робово и со кој што делиме една заедничка желба, да го вратиме дологот кон родното место, што го чувствуваме кон она што не научиле нашите животни учители, кон она што нашите родители низ гените ни го пренеле и на некој начин да се олесниме во срцата и во душато со она што ние можеме иисто така да го вратиме на нашите родни места.„Мале Мале“ не планира да остане само во Берово, имаме организирано уште еден настан во Пехчево, а со надеж дека наредната година, ќе биде уште побогат и поддржан материјално, планираме да се пресели и во околните помали места – рече Тања Аждаја.

Тихомир Јанчовски поетот кој е по потекло од Малешевијата, истакна дека првиот ден од фестивалот помина успешно, каде беровската публика можеше да види и да се запознае што претставува поетски фестивал, бидејќи ова за прв пат се случува овде, со порака дека градот треба да организира вакви и слични културни случувања, кои недостасуваат на овие простори.

-Само што заврши првиот дел од фестивалот каде што беа претставени седум поети, денешни поети современи.Мислам дека беше успешно и беровската публика можеше да види и да се запознае што е поетски фестивал, бидејќи колку што знав такво нешто не е одржано.Имамвме многу мал буџет, но не е битно колку пари има човек, битен е ентузијазмот, колку луѓето сакаат нешто да успее бидејќи ние ова не го правиме нешто да добиеме или профитираме, туку на некој начин да се оддолжиме на овој крај од кој што потекнуваме.Јас би сакал во Берово малку да заживее и тој живот, да не биде само кафанчиња и кладилници, библиотеката да има по активен живот, евентуално можеби да се отвори книжара, општината сама да се ангажира да организира гостувања да кажеме на театарски претстави – рече Тихомир Јанчовски.

Денес фестивалот продолжува во соседно Пехчево каде е предвидено исто така поетско читање во природа, а во 18 часот повторно во Берово ќе биде презентирана книгата на нашата беровчанка Тања Аждаја насловена „„Зборка“.

Во продолжение видео од првиот ден на фестивалот:

  Категории: