Долгогодишната традиција на повеќе генерации жители на беровското село Владимирово, познато како едно од селата што дале најмногу учени луѓе во Македонија, па и во регионот, големиот македонски празник Илинден масовно да се прослвувува продолжува.На манифестацијата што традиционално се одржува во познатото малешевско село, оваа година траеше пет дена, настапија познати културно-уметнички друштва, групи и познати пејачи, имаше поетски читања, илинденски ручек, а се посети и планината Готен, каде што се водела една од најголемите битки пред Илинденското востание.Сите случувања од Владимирские Илинденски средби оваа година, се спакувани во едночасовниот филм кој заслужува да се погледне.