(ВИДЕО) ВЕРНИЦИТЕ МУСЛИМАНИ ДЕНЕС ГО СЛАВАТ СВЕТИОТ ПРАЗНИК КУРБАН БАЈРАМ-MaleshNet

(ВИДЕО) ВЕРНИЦИТЕ МУСЛИМАНИ ДЕНЕС ГО СЛАВАТ СВЕТИОТ ПРАЗНИК КУРБАН БАЈРАМ-MaleshNet
јуни 16 15:31 2024

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан-бајрам.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или крупна стока.

За Курбан-бајрам се посетуваат роднините и пријателите и се упатуваат честитки и добри желби за секој намерник, а се испраќаат пораки полни со солидарност, изрази на морална помош и пораки за што поскоро поминување на мачните и тешки денови.

Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Ахмадија заедницата од Македонија го одбележа почетокот на празникот со утринска молитва во во исламскиот центар Бејт-Ул-Ахад во Пехчево, упатувајќи честитки до сите муслимански верници, со желби за благосостојба,мир и солидарност со сиромашните.

Инаку Ахмадија заедницата која постои веќе 2 децении во Македонија и Малешевијата, за утрешниот втор ден од празникот, обезбеди курбан од четири бикови, кој ќе биде поделен на сиромашните граѓани во Берово,Пехчево и Куманово.

Денешниот ден е неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Македонија.

  Категории: