(ВИДЕО+ФОТО) ОДРЖАНА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЧЕТВРТА СТОЧАРСКА ВЕЧЕР ВО МАЛЕШЕВИЈАТА

(ВИДЕО+ФОТО) ОДРЖАНА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЧЕТВРТА СТОЧАРСКА ВЕЧЕР ВО МАЛЕШЕВИЈАТА
декември 01 22:09 2024

Над 300 сточари и земјоделци од Малешевијата, неколку градови и земјоделци од соседна Србија, вчеравечер се собраа на традиционалната четврта по ред Сточарска вечер, воресторанот Мис Стон во село Смојмирово. Оваа вечер за нив претставува одлична можност, да се видат, да разменат мислења, да се развеселат и барем малку да заборават на макотрпната работа, која секојдневно години наназад со многу предизвици ја работат и егистираат од неа.

Александар Мачевски сточар од село Робово како еден од организаторите на настанот истакна дека средбата се организира по четврти пат, каде за разлика од претходните години, овој пат бројот на присутни и интересот за оваа вечер е зголем.

-Најпрво благодарност до сите гости кои не посетија на оваа вечер, а исто така на сите спонзори од Македонија и Србија, кои помогнаа да се случи еден ваков собир во Малешевијата. Проблемите на сточарите како и секоја година, така и оваа ги има, но од сточарството овде може да се живее убаво. Во Малешевијата има иднина за поголем развој на ови значајни гранки иако полека пропаѓаат, ние овде што останавме ќе продолѓиме и понатаму да се занимаваме со земјоделие и сточарство. Благодарни сме што навремено ги добиваме субвенциите од државата. Инаку младите земјоделци во овој крај ги има се помалку, околу 15 млади луѓе во Малешевијата не има што се занимаваме со одгледување на добиток, ние ќе си останеме и нови млади земјоделци мислам дека нема да има – вели Александар Мачевски.

Вангелина Пармачка жена сточар од селото Будинарци, кој е и член во управниот одбор на Националната федерација на фармери во Македонија, вели дека стачарската работа е најтешката работа, но мора да се биде упорен посебно жените, затоа што домашната произведена храна е многу битна за нашето здравје.

-Иако сточарството е најтешката работа, мора да бидеме упорни и да произведуваме домашна здрава храна. Јас ги охрабрувам сите земјоделци, посебно жените да се сплотуваме и да дружиме на вакви вечери и јас како нивни претставник, ги сумирам состојбите од терен и ги пренесувам во фармерската федерација, со што би се реагирало на некои недоречености во законите кои во моментот постојат, а како главен фактор се климатските промени кои што се случуваат во земјоделието. Иселувањето си зема замав, младите работат, но не им е желба да сакаат да се занимаваат со сточарство, па затоа сточарството овде изумира. Има заинтересираност на млади, но тоа е многу мал број. Од тие причини го снемува сточниот фонд, млекото и домашното препознатливо овчо сирење – вели Вангелина Пармачка.

Младиот земјоделец Боби Георгиев од струмичкото село Грдашорци, е единствениот млад сточар во неговото село. Државата треба според него да ги задржи младите кои масовно се иселуваат, со грантови и мали кредите и да ги поттикне за да започнат соптвен бизнис во областа на сточарството.

-Јас како почетник во 2019 година купив околу 50 овци, па од оваа бројка денес ги направив 300 овци. Јас и татко ми двајцата ги гледаме, не плаќаме за овчар. Но сакам да потенцирам дека за да има поголем број млади земјоделци и сточари како мене, треба државата да ги поддржи младите со грантови и кредити, да ни даде механизација, да се поврати субвенцијата за женско јагне, за да може да се зголеми интересот кај нив и да започнат сопствен бизнис. Сепак ако можам јас, може и секој друг ако сака, а од сточарството има пари ама треба и работа. Да не бега народот по странство, има и тука за живот – истакна Георгиев.

До пред три години, сточарот Ѓорѓи Симевски чувал овци, ги продал и сега чува кози. Вели исплатливо е да се чува добиток. Симевски истакнува дека државата треба да посвети поголемо внимание на сточарството, а не како што вели плодните земјишта да ги пренаменува за поставување на сончеви панели.

-Јас чував овци, но сега се прфрлив на чување кози, а причината е работната рака. Има луѓе во Малешевијата кои успешно чуваат овци и тоа е добро.Секој добиток е благодет. Сакам да се осврнам на тоа дека државата треба да посвети поголемо внимание на сточарите, а не земјоделските површини да ги пренаменува за поставување на сончеви панели, што во последно време е во тренд, а наместо тоа да остават простор на земјоделците. На тоа треба да се обрати внимание, бидејќи плодното земјиште се уништува. Берово и Пехчево беа краеви со најплодна земја и преполни со чување на добиток. Нашите планински краеви беа преполни со овци, сега овие наши пасишта се полни со трње – потенцира Симевски.

За Тимо Станков 63 годишен сточар од радовишкото село Злеово, кој одгледува свињи и има сопствен рибник, да се биде сточар не е тешко. Од државата вели не користи ништо, а произведува и сопствена храна.

-Се занимавам со одгледување на мајки свињи ги продавам мали. Храната е моја лично произведена има и сопствена фарма. Секој кој сака може да дојде и да си земе и големо и мало прасе и да види што е чиста еколошка храна од домашно производство, без концентрати и адитиви. Од државата не користам ниту еден денар, за субвенции не сум пријавен, се што произведувам го продавам. Младите не сакаат да работат, тие сакаат само да продаваат. Поседувам и соптвен рибник, кој е најдоброто место за одмор и релаксација. Ова не ми е за бизнис туку, за своја душа – вели Станков

И младиот Кристијан Арсов од истото село Злеово, е единствениот малд сточар кој заедно со неговото семејство уште од мал е посветен на одгледување овци.

-Ние одгледуваме околу 200 грла на овци и откако јас помтам уште од мал се занимаваме со овци, тоа е наследство од мојот дедо, татко и еве сега и јас, ја продолжувам оваа наша традиција во областа на овчарството. За жал нема млади луѓе што ја сакаат оваа работа. Моите родители се последните во селото што одгледуваме овци и ретко некој од мојата генерација да го работи ова. Државата слабо гледа на младите што се на моја возраст, за да им помогне – рече Арсов.

Бојан Ѓорѓиевски претседател на сите свињарски фарми на ниво на цела Македонија, изрази задоволство што е присутен на овој настан и потенцираше дека сточарството и земјоделството па и целата држава, оди на подобро.

-Пред се би кажал дека не само сточарите и државата оди напред. Гледате дека контролата е на едно високо ниво, имаме надежна ситуација каде немаме болести, без разлика што моментално низ Европа па и кај нас имаме еден случај на син јазик кај овците во Македонија. Би сакал да кажам дека за сточарите има надеж, бидејќи се дојдени луѓе на позиции кои сакаат добро за сточарите. Имавме многу тешки години позади нас, но гледате веќе со чумата сме регулирани, се регулираат и средните и високите фарми, имаме многу високо ниво на био сигурност. Сега е ловната сезона на дивеч, има позитивни случаеви во Македонија, меѓутоа се контролира дивечот. Се што се улови се предаваат мостри и јас би изразил голема благодарност како до лувџиите така и до сточарите, затоа ашто се што се улови се пријавува и треба што поголем број да се пријавува.Оваа Сточарска вечер и дружење се надевам дека ќе даде еден поттик за младите сточари, да дојдат да се дружат и да пробаат со една, две или три крави, може пет и десет, државата е тука на помош, подрачните единици се тука, имаат помош од АХВ, само они да почнат – рече Ѓорѓиевски.

Николчо Стојменовски доктор по ветеринарна медицина од Делчево додаде дека сточарската вечер е момент кога и докторите и сточарите можат да здивнат од секојдневната работа, но пред се и да се видат и да разменат мислења.

-Ова традиционална Сточарска вечер каде присуствуваат сточари од Малеш, Пијанец и целиот овој регион, е одлична можност барем малку да здивнат од секојдневната работа, исто така и да се дружат и проазговараат за своите проблеми и активности што следуваат во овој период. Нормално дека и сточарството и земјоделството се соочуваат со проблеми, но се надеваме со новите програми, ќе биде подобро како за сточарството така и за земјоделството – рече Стојменовски.

Гостите од Србија, секојпат присуствуваат на оваа Сточарска вечер, За Власта Петровиќ претставник од фабриката за производство на сточна храна Геби, кои се главни спонзори на настанот, соработката со сточарите во Малешевијата и целата држава е на високо ниво.

-Трет пат доаѓам во Малешевијата на оваа вечер и слободно можам да кажам дека овој настан е најдобар во целиот ово регион. Што се однесува до производството и покрај сите проблеми, ние мораме да се бориме. Сметам дека она што знаеме да го работиме и она што ни е дадено, треба да го искористиме, затоа што и овде може да се заработат средства, не само надвор од државата. И во Србија постои овој тренд на миграција на запад, меѓутоа омаме пример каде млади луѓе после одреден период во странство, се враќаат во родните места и ги рестартираат работите кои што ги работеле нивните предци. Но мораме на ова да имаме друга пристап и поинтензивно да се занимаваме со ова, без разлика дали е тоа овчарство, свињарство, козарство или говедарство – истакна Петровиќ.

о рамки на Сточарската вечер беа доделени голем број на награди, подпомогнати од голем број на стопанственици и фирми од Малешевијата и целиот источен регион. Сточарите и земјоделците сполтено посветија внимание на нивната вечер и својата макотрпна работа, која како што велат е составен дел од нив. Упатија порака за уште поголеми успеси следниот период и аманет за догодина да се соберат во уште поголем број со надеж за подобро утре на нивната професија и гранката која живот значи.

Во продолжение галерија од настанот:

  Категории: