Најголемиот фармацевтски синџир на аптеки „Зегин“ денес свечено отвори аптека во Пехчево со што Пехчевци добија модерна и најснабдена аптека со над 3000 производи со најниски цени во државата.
Во склоп на новотворената аптека, за Пехчевци ќе бидат достапни и големиот асортиман на био производи од Хелти фуд, како и понудата на ортопедски помагала и најголемите новитети на светската фармацевската индустрија, а приоритетот за граѓаните е издавањето на лекови на товар на фондот.
-Чест ми е што во овој момент ја отвараме нашата аптека во ова градче кое е во најисточниот дел на Македонија и како такво место имаше потреба од добро снабдена аптека.Ние долго време се припремавме и на крајот решивме во соработка со градоначалникот на Пехчево, да најдеме услови за да ја отвориме оваа аптека за која секако имаме што да покажеме и дополнително да обезбедиме во следниот период од репертоарот и услугите кои ги нуди компанијата Зегин.Посебна чест ни е што овде досега имавме доста клиенти, кои за да се снабдат со нашите производи, одеа во соседните градови Берово и Делчево.Сега оваа мака ќе ја скратиме, и се надевам дека со заедничко задовлоство ќе соработуваме за интересот на сите граѓани на Пехчево и целата општина.Посебно сакам да кажам дека ние сме една од најевтините аптеки со тоа што на некој начин ќе партиципираме во овие тешки моменти на стандардот на Пехчеви.Оваа година славиме 33 години од нашето постоење и се гордееме што го поставивме нашиот бренд на високо ниво,Јас сум исто така од овој крај и сакам да дадам придонес во моите пензионерски денови за моите сограѓани – рече Благој Механџиски сопственик на компанијата „Зегин“.
На свеченото отворање на аптеката беше присутен и градоначалникот на Пехчево, Александар Китански кој истакна дека Пехчевци се презадоволни што најголемиот балкански аптекарски бренд „Зегин“ конечно и овде отвори модерна аптека со голем број производи кои од сега ќе бидат достапни за граѓаните.
-Денес на овој убав ден 8 Март се отвори аптеката на „Зегин“ најголемиот балкански бренд и граѓаните на Пехчево се презадоволни, бидејќи добиваат една од најмодерните аптеки во државата и пошироко.Пехчевци и градот Пехчево се вклучува во ланецот на аптеките Зегин низ цела Македонија.Упатуваме голема благодарност и честитки до сопственикот Благој Механџиски за трудот и напорите што ги вложи за ново отворената аптека во Пехчево – рече пехчевскиот градоначалник Александар Китански.
Во следниот период компанијата „Зегин“ ќе отвори уште една аптека во градот Кратово, со што успешниот бренд во државата кој оваа година слави 33 години постоење, се приклучува кон светските трендови со цел да им овозможи на своите потрошувачи лесен, едноставен и комфорен начин во снабдување на нивните потребни производи.
Во продолжение видео од настанот: