ВИДЕО:ВО БЕРОВО ЗАПОЧНА СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС.

ВИДЕО:ВО БЕРОВО ЗАПОЧНА СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС.
февруари 20 16:50 2021

Во рамки на иницијативата „Стави го својот потпис за вистински попис“ денес на градскиот плоштад во Берово,се поставени штандови на отворено, на кои граѓаните кои се заинтересирани имаат можност да се потишат за иницијативата која ја организира политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Кампањата за собирање на потписи е со цел понишување на Законот за попис, како и одложување на пописот во ова време на пандемија, а доколку веќе власта инсистира да се спроведе, од партијата истакнуваат дека најдобро би било да биде електронски за да се заштити здравјето на граѓаните.

Еве што велат граѓаните на Берово.

Во соопштението од партијата се наведува дека следните 20 до 30 дена ги охрабруваат граѓаните масовно да излезат и да се потпишаат на како што велат овој закон за попис кој власта сака насила да го истурка.

  • Ние започнуваме од денес  насекаде низ Македонија да ги собираме овие потписи, затоа ги охрабруваме граѓаните ќе не има секаде низ плоштадите, ќе не има на улиците секој кој што сака да ни даде поддршка да дојде да се потпише, бидејќи сакаме што повеќе граѓани да бидат опфатени, а потоа се разбира ние заеднички да ги поднесеме за соборување на овој закон. Секако тука ќе бидеме сите пратеници да се потпишеме и потоа да ги доставиме. Затоа започнува оваа кампања во наредните 20тина, 30тина дена и секој еден граѓанин кој што сака да ни се приклучи е добредојден, ќе не има од денес насекаде и ќе продолжиме и во наредните денови се разбира, да дојдат да се потпишат и потоа со едно мото да имаме реален потпис, и затоа го бараме потписот на граѓаните за сето ова да го измениме се вели во соопштението на партијата ВМРО ДПМНЕ.

Опозицискиот лидер потенцира дека во меѓувреме, пописот е одложен во Хрватска, Бугарија, Србија, Германија и во Романија поради состојбата со коронавирусот.

Инаку граѓаните на Берово ќе можат да се потипшаат на иницијативата и во текот на утрешниот ден во периодот од 12 до 15 часот.

  Категории: