Вечерва поради верскиот празник Рамазан Бајрам граѓаните без никакви ограничувања ќе можат да се движат во текот на ноќта.Одлуката која беше претходно донесена вели дека ноќта меѓу 12 и 13 мај нема полициски час. Од четврток пак, стапува на сила нова олеснителна мерка со која полицискиот час ќе почнува од полноќ и ќе трае до 5 часот изутрина. Ваква одлука донесе Владата, со што се олабавуваат дел од рестриктивните мерки коишто беа на сила поради пандемијата со Ковид-19.
Угостителските објекти ќе може да работат до 23.30 часот. Од денес, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор. Од денес се отвараат и вежбалните, фитнес центрите и теретаните.
Mинистерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во земјата.