БОЧВАРСКИ И КИТАНСКИ ГО ПОТПИШАА ДОГОВОРОТ ЗА ИГРАДБА НА УЛИЦА “ИНДУСТРИСКА” ВО ПЕХЧЕВО

БОЧВАРСКИ И КИТАНСКИ ГО ПОТПИШАА ДОГОВОРОТ ЗА ИГРАДБА НА УЛИЦА “ИНДУСТРИСКА” ВО ПЕХЧЕВО
септември 09 11:43 2022

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска беше во посета на Општина Пехчево и оствари средба со Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански.

На средбата беше потпишан Договорот за Реконструкција на улица „Индустриска“ во Пехчево, согласно Проектот за поврзување на локални патишта кој се финансира со заем од Меѓународна банка за обнова и развој и Светска Банка и имплементиран од страна на Министерството за транспорт и врски.

-Денеска разговаравме со градоначалникот на општина Пехчево за клучните приоритети на општината и за поддршката која што доаѓа од страна на Министерството за транспорт и врски во делот на реконструкција на локалните улици и патиштата.
Општина Пехчево има аплицирано за две улици. Првата улица е „Индустриска“ која што веќе ние ја завршивме постапката за избор на изведувач. Изведувачот е избран и денес имавме можност со градоначалникот да го потпишеме меморандумот за имплементација на улицата „Индустриска“ со инвестиција од преку 13,5 милиони денари. Тоа е сериозна инвестиција и сериозна поддршка за општина Пехчево која што доаѓа од централната Влада како грант средства, средства коишто граѓаните на општина Пехчево нема да ги враќаат кон централната Влада. Тоа го правиме со цел да помогнеме за да се дополнително направи развој на локалните средини.
Веќе од понеделник започнуваат градежните работи од страна на изведувачот и секако во понатамошната постапка ќе биде и фокусот ставен на улицата „Илинденска“ која што е вториот приоритет на општината. По завршувањето и на тие постапки ќе се влезе во реализација и на таа локална улица како уште една поддршка.
Јас веќе напоменав и кога бев во општина Валандово дека централната Влада како никогаш досега ја дава поддршката кон општините, посебно преку овој проект на локални патишта и преку проектите за изградба на водоводи и канализации. До овој момент преку проектот за улици и патишта ние веќе инвестиравме, завршиме со инвестиција и сме во фаза на имплементација на 94 улици во 46 општини. Тоа се сериозни инвестиции и сериозна поддршка, но така ќе продолжиме и во идниот период со поддршка и соработка со општините со цел на крајот граѓаните да видат бенефит од нашето работење на територијата на целата држава – рече Бочварски.


По потпишувањето на Договорот треба да се отпочне во најскоро време и со градежните работи на улица „Индустриска“ и истата ќе добие нов, современ изглед, со што се подобрува патната инфраструктура во градот Пехчево.
На средбата беше разговарано за понатамошните активности кои ги планира Градоначалникот на Општина Пехчево Алекснадар Китански во однос на подобрувањето на патната инфрструктура во градот Пехчево и селските населби се со цел на граѓните да им се овозможи да живеат во една современа и урбанизирана општина.

-Прво да го поздравам министерот за транспорт и врски господинот Бочварски што денес е гостин во Пехчево, да го потпишеме меморандумот за соработка за реконструкција на локални улици во Пехчево.Ова иницијатива ја почнавме уште многу порано во нашиот мандат и со нивна помош дојдовме во оваа состојба каде што сме денес и во текот на наредната недела да почнеме со реализација на улица “Индустриска” а во текот пак на следниот период да се спремаат документите за реконструкција и на улицата “Илинденска”.Значи нема да се повторувам, министерот кажа се, благодарност до нив за заложбите што ни излегоа во пресрет за да можеме да ги реконструираме улиците и да се промовираме како туристичко место со добра инфраструктура – рече градоначалникот Китански.

  Категории: