БЛОКАДИ НА ОКОЛУ 4 000 ФИРМИ ЗА ТАКСА ЗА МРТВ 1

април 10 18:53 2018

И укината – радиодифузната такса блокира сметки. Околу 4.000 фирми од источниот регион, веќе добиле опомени од УЈП за заостанат долг за претплата за МРТВ. Сите заедно должат околу 240.000 евра.

Според информации од УЈП, засега опомените се изготвени само за правните лица односно за фирмите и за  самостојните вршители на дејност. На ниво на држава, се изготвени точно 48.603 опомени. Сите кон УЈП за радиодифузна такса должат 186,8 милиони денари или речиси три милиони евра.

Сите оние кои добиле опомени, а долгот не го платиле се соочуваат со опасност од присилна наплата, односно со блокада на сметка на должниците кои не ги намириле долговите по издадената опомена од УЈП.

Засега не се соопштува колкав неплатен долг имаат граѓаните, но извесно е дека огромни долгови имаат и тие. Сумата, ќе биде позната откако ќе се изготват опомените и за нив, по што ако не платат и тие ќе се соочат со блокирани сметки.

Радиодифузна такса не се плаќа од октомври лани, откако Владата го измени Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Сепак кон даночната управа која ја прибираше оваа такса останаа должници и тие долгот сега ќе мора да го платат. Во спротивно се што се должи ќе се наплаќа присилно, со блокада.

Инаку постојат граѓани и кои платиле превреме па сега УЈП треба да им ги врати парите. Тоа се обврзниците кои плаќале за цела година однапред, а радиодифузна такса не требаше да се плаќа за последните три месеци од минатата година, односно за октомври, ноември и декември.

ИЗВОР:ТВ СТАР

  Категории: