Благој Механџиски-Зегин избран за претседател на здравствената комисија на Сојузот на здруженија на пенизионери на град Скопје

Благој Механџиски-Зегин избран за претседател на здравствената комисија на Сојузот на здруженија на пенизионери на град Скопје
декември 13 15:26 2024

Сојузот на здруженија на пензионери на град Скопје, кој брои на 100.000 членови, на 4 Декември формира комисија за здравство, каде за претседател е избран Благој Механџиски-Зегин. Целта на формираната комисија за здравство е придонесување за подобрување на здравствената состојба и здравствените услуги на пензионерите преку:

-едукација, предавања и здравствени консултации за пензионерите;

-медицинско обезбедување на настани и активности на пензионерите;

-медицински акции (превентивни прегледи од повеќе специјалности, како на пример вид, слух, шеќер во крвта, крвен притисок);

-соработка со медицински установи и Црвениот крст за установи за подобрување на организираноста за давање на медицински услуги на пензионерите;

-застапување на интересите во областа на здравството пред државните институции и други стручни и слични активности во интерес на пензионерите од градот Скопје и пошироко;

-соработка со здруженијата членки на и со нивните комисии за здравство и др.

Благој Механџиски како избран претседател на комисијата истакна дека ова е предизвик за него и мисија со неговото долгогодишно искуство во оваа област. Поставување на насоките на движење на оваа нова комисија која е непартиска за Механџиски ќе биде приоритет за пензионерите кои се најранлива категорија од популацијата во секоја држава.

-Повеќе од една четвртина на пензионери од СЗПГ Скопје, ме избраа на за претседател на на новата здравствена комисија, која како императив на настанатите околности се формира од времен карактер. Се нафатив за да им дадам и изградам контурите и насоките во кои треба да се движи и габаритот на новата комисија која е една од најважините комисии во напредните земји, бидејќи пензионерите се најранливата популација граѓани во секоја држава. Да бидам искрен, ми ласкаше ваквата неполитичка поверена должност, бидејќи сметав дека ќе одговорам на обврските и предизвиците кои ќе ме пратат, благодарение на моето 60 годишно работење во здравствената кауза ширум светот. Уште повеќе ја очекувам поддршката од пензионерската еснафска фела во целата држава и пошироко – истакна новоизбраниот претседател м-р Благој Механџиски.

Освен претседател на комисијата за здравство како членови се избрани м-р Илија Глигоров и медицинската сестра Марија Климпер.

Му честитаме на Благој Механџиски и му посакуваме успешна работа во иднина.

  Категории: