На Истокот не му требаат работници. Од вкупно 10.000 активни огласи, овде се одвај 130.

На Истокот не му требаат работници. Од вкупно 10.000 активни огласи, овде се одвај 130.
јуни 29 14:08 2016

На Истокот не му требаат работници. Од вкупно 10.000 активни огласи, овде се одвај 130, односно само 0,5 % од вкупниот број на слободни работни места.

По општини, најголема потреба за работници има во Кочани, каде во моментов активни се 68 огласи и Штип со 29. Следуваат Виница и Делчево со по 13; додека во Берово и Пробиштип течат конкурси за по четири вработувања.

Речиси сите огласи, со исклучок на неколку за доктори и сметководители, се однесуваат на кадар со средна стручна спрема. Се бараат возачи, продавачи, келнери, општи работници и најмногу од се шивачи.

Освен ова, потрееба има и од луѓе кои разбираат занает и поседувата соодветни вештини:

  • Тоа се бравари, заварувачи, водовоџии и особено текстилни работници зашто нашиот град е главно фокусиран на текстилната индустрија, изјави Катица Арсова, рак. на Агенција за вработување – Штип.

Но, луѓе со ваков профил на квалификации на евиденцијата на центрите за вработување, речиси и да нема.

Најголем дел од невработените, некаде околу 60 % се луѓе без никакво образование и квалификации, а се на возраст над 50 и повеќе години.

Инаку, вкупно, на ниво на регион активни баратели на работа се регистирани 8.230. најмалку уште толку, работа немаат, ама не ја ни бараат.

  Категории: