Со цел да им се олесни пристапот на жителите од населените места, до градот, градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски најави организирање бесплатен јавен превоз, на територијата на општина Берово, во четврток, кога е пазарен ден, почнувајќи од првиот четврток во месец април, потенцирајки дека Одлуката ја донесе Советот на Општина Берово, на 25-тата Седница, која се одржа вчера.
Како што беше кажано на Седницата, превозот ќе се врши со автобус, кој е во сопственост на општината и тоа на следните релации:
1.Двориште-Ратево-Русиново- Владимирово-Берово- тргнување во 07:30 часотБерово-Владимирово-Русиново-Ратево -Двориште-тргнување во 13:00 часот
2.Митрашинци-Будинарци-Мачево- Смојмирово- тргнување во 10:00 часотБерово-Смојмирово-Мачево-Будинарци -Митрашинци-тргнување во 15:00 часот.
Средствата кои се потребни за реализација на оваа услуга, ќе бидат целосно на товар на општина Берово и истите се обезбедени во Буџетот на општина Берово, за 2023 година.
Право на користење на бесплатниот превоз, ќе имаат сите жители на општина Берово, кои на телефонскиот број на Општина Берово, 033/471-057, ќе се пријавуваат во вторник , во периодот од 08.30-13.30 часот, за да го користат превозот во четврток.
-Се надевам дека со оваа мерка, ќе им го олесниме пристапот на жителите од населените места до Берово, кои ќе можат навреме да ги планираат своите обврски и ќе придонесеме кон подобрување на квалитетот на живот на жителите од населените места, на територијата на Општина Берово, додаде Пекевски.