Берово и Малешевијата е преполно со голем број на туристи за Велогденските празници.Продолжениот празничен викенд го наполни градот до последно место.Се е пополнето и во хотелите и двете туристички населби Абланица и Беровско езеро .Хотелиерите и угостителите се спремни да ги пречекаат огромниот број на туристи кои се присутни во градот и да ги угостат со достапните цени и добрата забавата.
На овој Велигден најмногу се присутни туристите од Македонија но не изостануваат и туристите од соседна Бугарија кои освен за празникот се дојдени тука како што велат за чистиот воздух и гостопримливоста на луѓето во Берово.
Како и секоја година, Општина Берово поповод празникот Велигден во недела ораганизира прослава на градскиот плоштад со почеток во 12 часот, каде свој настап ке имаат КУД Димитар Беровски и староградски оркестар како и традиционалниот избор на најцврсто и најукрасено јајце во кој учестуваат над стотина граѓани.