Берово го празнува 23 август, Денот на ослободувањето на градот

Берово го празнува 23 август, Денот на ослободувањето на градот
август 23 20:22 2024

Со положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОВ во близина на ОЈУДГ „23 Август“ во Берово и краток осврт за делото на паднатите борци, денеска, во Берово се празнува 23 август, Денот на ослободувањето на Берово и се одбележуваат 80 години од ослободувањето на Берово.

Делегации од политичкиот и јавниот живот положија цвеќе и се поклонија пред спомен плочата, во знак на висока почит кон нашите херои и борци, кои ни овозможија слободно да живееме и да ја градиме и негуваме нашата држава.

Одбележувањето на денот, продолжи со традиционалната свечена Седница на Советот на општина Берово, која ја водеше Претседателката на Совет на Општина Берово, Марија Буровска.

Свое обраќање пред присутните имаше градоначалникот Звонко Пекевски, кој им го честиташе големиот празник и повикува заеднички да продолжиме да работиме за развојот на Берово и да реализираме уште многу успешни проекти за Берово.

На свечената седница беше пуштено видео презентација, со осврт кон минатото, во чест на 80 годишнината од ослободувањето на Берово .

Исто така на свечената седница беа доделени благодарници и плакети на поедницни кои допринесуваат кон континуиран раст и развој на општина Берово, а беа доделени решенија за парични награди и пофалници на учениците кои се прогласени за Ученик на генерација од основните и средното училиште во Општина Берово.

Во чест на денот на општина Берово, 23 август, присутните имаа можност да уживаат во маестралните чалгиски звуците на нашиот сограѓанин, Влатко Терзиски, врвен музичар, професионален иструменталист, кој ја доловува и има способност да ни ја пренесе магијата на кларинетот и други инструменти.


Низ годините па и денес, својата едукативна, уметничко-презентерска и музичка дејност ја прикажува во земјава и во странство, но сепак најдрагоценото, најубавото чувство е настапот дома.
Со посебно задоволсто истакнува дека, дека оваа 2024 година е јубилејна година, одбележува 40 годишен јубилеј од неговата музичка кариера и со големо задоволство за првпат настапува на осумдесет годишнината од ослободувањето на неговиот роден град, во Берово .

Имавме можност исто така да ја посетиме Изложбата на копаничарски дела и црковни елементи од Ванчо Чаушовски и Блаже Буровски и Изложбата на уметнички дела од ликовен конкурс „Берово, мојот роден крај“.

  Категории: