Технологијата го олеснува животот, ама ги расипува очите. Директната опасност која ни го намалува видот, е секаде околу нас, а за тоа , воопшто и не сме свесни, предупредуваат офталмолозите:
Тука се т.н. штедливи сијалици, уличното осветлување, новите фарови на автомобилите, новите ЛЦД телевизори, телефони и слично. Сите тие се исклучително штетни за нашите очи, кажа д-р Страхил Газепов, офталмолог. Според искуството на офталмолозите, дури 70-75 % од лицата кои работат на компјутер, на пример, и се изложени на вештачка сина светлина повеќе од два часа во денот, имаат проблеми со очите. Зошто е ова вака :
Сите апарати работат со лед технологија која з ада ја емитува сликата емитува светлина во опсег од 450-550 нм, во делот на т.н. плаво ладно светло, кое е штетно врз нашите очи, објасни д-р Газепов. Зависноста од техниката не можеме да ја намелиме, па затоа мораме да најдеме начин , очите да ги заштитиме. Според офталмолозите, најдобрата заштита доаѓа од т.н. „блу“ заштитен слој:
Овој слој се става врз стаклата, независно дали се диоптриски или не, и има способност да апсорбира околу 90 % од оваа сина светлина, рече д-р Газепов. Освен што ја филтрираат модрата светлина, овој вид на заштита нуди и други можности: за 5 % подобрено антирефлексно дејство; 100 % заштита од УВ зраци; визуелна удобност при работа.
Оваа заштитна покривка се препорачува за сите оние кои работат внатре и се изложени на вештачка светлина.