Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, членовите на Ахмадија заедницата во соработка со хумантираната организација “Humanity first“ и годинава по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, додели пакети со месо односно курбан на семејства во Берово, Пехчево, Скопје, Струмица и Куманово.
Во текот на вчерашниот ден во Берово на околу 100 семејства беа доделени пакети со месо, со цел да го да се помогне на оние кои не се во можност да пренесат жртва која е карактеристична за празникот Курбан Бајрам.
Смаил Алимановски член на Ахмадија муслиманската заедница истакна дека овој празник не поврзува сите, без разлика на вера или било која друга разлика, упатувајќи мир и соживот на сите луѓе во светот.
-Најпрво да им го честитам големиот муслимански празник Курбан Бајрам на сите муслимани во светот и сакам да упатам порака за мир, соживот и меѓусебна почит на сите луѓе во светот. Нашата заедница се темели на основните принципи на исламот што во превод значи мир и водиме грижа и помагаме на сите кои што имаат потреба од помош вез разлика на вера или било каква друга разлика. Многу години наназад ние обезбедуваме хумани акции не само во Берово и Пехчево, туку и по другите градови во Македонија, во соседството и насекаде во целиот свет, бидејќи тоа е и основата на нашата организација, да се помогне таму каде што е најпотребно – рече Алимановски.
Граѓаните упатија голема благодарност до членовите на Ахмадија заедницата и не изоставија да го искажат своето задоволство.
Курбан Бајрам, како што уште се нарекува Празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите.
Инаку секоја година Ахмадија заедницата обезбедува хуманитарни пакети за сите граѓани на кои навистина им е потребна помош, без разлика дали се христијани или муслимани, а целта е секоја да ја почувствува топлината и убавината на празникот Бајрам и љубовта кон секој човек.