После две пандемски години, по 11 пат ќе се одржи детскиот фестивал„Малешевско звонче“ кој има за цел да им помогне на најмалите талентирани дечиња, да зачекорат во светот на музиката и најважно да се забавуваат и другарување.
Аудицијата за фестивалот во Берово за оваа година ќе се одржи на 16.05.2022, а главен организатор е нашиот композитор и музичар Дарко Димитриевски.За местото и времето на аудиција дополнително ќе биде известено.
На аудицијата можат да учествуваат сите дечиња од 5 до 12 години, додека сите заинтересирани за учество на фестивалот ,,Малешевско ѕвонче” можат да се пријават на телефон 075 835-622 кај чичко Дарко Димитриевски или на фб страната на Malesevsko Dzvonce .
Инаку детскиот музички фестивал „Малешевско звонче“ за прв пат се појави во 2010 година на музичката сцена.Оттогаш традиционално се одржува секоја година освојувајќи ги срцата на младата и повозрасната публика, со своите весели и разиграни песнички.