Овој пат ве прашуваме и ги очекуваме вашите размислувања во коментар.Дали сте за легализација на марихуаната?Владата во следниот период ќе ги интензивира политиките и активностите за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки од канабисот.
„Законодавството, покрај регулирањето на правата на лиценцираните правни лица – производители, има потреба од сериозно надополнување по однос на личната употреба на канабисот на граѓаните и решавање на ова актуелно прашање. Имајќи го предвид фактот што засега голем број граѓани се прогонувани заради употреба на природната билка канабис, што ги става во неповолна положба во однос на другите граѓани, а со тоа им се загрозуваат нивните лични човекови права загарантирани со Уставот и меѓународните ратификувани договори, се попречува личниот и економскиот просперитет и социјален развој, се вели во предлог-програмата на Владата доставена до Собранието на 11.01.2022.
Се погласни се најавите дека во иднина следува легализација на канабисот, па така од здружението „Билка“ за Денар велат дека властите од јули оваа година треба да дозволат граѓаните слободно да може да консумираат канабис.