АКТЕРОТ МИЛОШ БИКОВИЌ ОТКИРИ ДЕКА ИМА МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО, НАСКОРО ДОАЃА ДА ГО ПОСЕТИ БЕРОВО!

АКТЕРОТ МИЛОШ БИКОВИЌ ОТКИРИ ДЕКА ИМА МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО, НАСКОРО ДОАЃА ДА ГО ПОСЕТИ БЕРОВО!
мај 07 13:04 2020

Изминатата година  српската, но и руска кинематографија ја одбележа неговото име и презиме. Милош Биковиќ важи за миленик на регионалната публика, но и пример за младите актери кои сакаат да направат нешто од себе и да успеат во светот на глумата.

Во моментов е актуелен со улогата на Петар Мараш во хит серијата „Јужни ветар“, а неодамна се случи и премиерата на филмското остварување „Хотел Београд“ , која што непосредно отварањето на кино салите ќе доживее своја премиера и во Македонија.

Милош Биковиќ вчеравечер беше гостин во „Бекстејџседидома“, а во рамки на гостувањето освен што зборуваше за својата кариера, исто така откри и дека има македонско потекло.

Неговиот дедо бил од Берово, а актерот наскоро планира да дојде во Македонија и да го посети овој град.

-Дедо ми е од Берово и сме се презивале Биковски. На времето Тито барал оние кои се Срби да се презиваат на „иќ“ и така тој од Биковски, станал Биковиќ, рече мегу другото тој.

  Категории: