Џака со провокација до Србите, следуваше одговор од Коларов.

Џака со провокација до Србите, следуваше одговор од Коларов.
јуни 22 14:57 2018

Стрелците на двата гола за репрезентацијата на Швајцарија, Џердан Шаќири и Гранит Џака, би можеле да заработат казна поради начинот на кој ги прославија погодоците во победата против Србија.

Тие покажуваа симбол на Албанија што ФИФА би можела да го сфати како политичка провокација, а тоа е строго забрането на Светското првенство (СП) во Русија.

Џака на својот Инстаграм профил стави фотографија и напиша: „Еве ти, Србијо! Поради ова ме викаат Гранит Косово“.

Џака прослава

По тој повод следуваше реакција од левиот бек на српската репрезентација, Александар Коларов.

„Ние сме Срби, ние сме над тоа примитивно однесување. Ние сме десет години пред тие што прославуваат на тој начин“ , беа зборовите на српскиот дефанзивец.

Сега Србија ќе мора да прави чудо и да го победи Бразил во последното коло за да обезбеди осминафинале на Мундијалот.

Извор: gol.mk

Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.