Ќе се гради спорстко-рекреативен центар во туристичката населба „Равна река“ во Пехчево

Ќе се гради спорстко-рекреативен центар во туристичката населба „Равна река“ во Пехчево
февруари 25 20:42 2023

Во Пехчево потпишан е договор за изградба на спортско-рекреативен центар во месноста Равна Река кој се спроведува преку Бирото за Регионален развој како дел од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа.

Изградбата на спортско-рекреативен центар во месноста Равна Река, како што истакна директорката на Центарот за развој на Источно-планскиот регион, Зуица Ангелова која договорот го потпиша заедно со градоначалникот на Пехчево, Александар Китански и претставник на фирмата изведувач, Димитар Двојаковски е продолжение на проектот за уредување на Црнодолскиот водопад кој се реализираше пред три години.

-Центарот за развој на ИПР овој проект го аплицираше за финансирање од програмата за регионален развој за 2021 година со индикативно планирање  за 2022 година. Денешниот проект е составен од две фази. Прва фаза финансирана од 2021/22 и втора фаза финансирана 2022/23 година од Програмата за рамномерен регионален развој преку Министерството за локална самоуправа, а се спроведува преку Бирото за регионален развој. Значи и официјално денеска го потпишавме договорот за изведба со економскиот оператор кој на наша среќа е овде локален , така да најдобро ги знае и условите за работа и теренот, рече Ангелова.

Таа изрази надеж дека до крај на месец август ќе произлезе квалитетен спортски рекреативен комплекс и туристички објект, по кој микро-регионот Малеш-Пијанец е познат.

Градоначалникот Китански се заблагодари за поддршката од Центарот за развој на Источно-планскиот регион со која Пехчево ќе добие  рекреативен центар од отворен тип на туристичкиот локалитет Равна река.

-Со изградбата на овој центар сметаме дека ќе ја збогатиме туристичката понуда не само на Пехчево, туку во целиот регион и во Пијанецот, за да имаме повеќе посетители кои ќе го посетат нашето место и околните градови. Голема благодарност до источно-плански регион, до Бирото за регионален развој што ни овозможија средстав за реализација на овој проект, рече Китански.

Претставникот на фирмата изведувач Димитар Двојаковски во зависност од временските услови очекува изградбата на спортскиот центар на Равна Река да заврши за шест месеци, период по кој како што рече, општината ќе добие нова репрезентативна содржина за туристите.

  Категории: