ЃОКЕ АНДОВСКИ ОД СЕЛОТО РАТЕВО Е СПОНЗОР НА ГЕРМАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ МАЈНЦ 05

ЃОКЕ АНДОВСКИ ОД СЕЛОТО РАТЕВО Е СПОНЗОР НА ГЕРМАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ МАЈНЦ 05
ноември 12 21:12 2023

Ви ја пренесуваме позитивната приказна на нашиот малешевец Ѓоке Андовски, кој потекнува од беровското село Ратево, но повеќе од три децении живее во градот Мајнц во Германија. Имено фирмата за санитарија која ја поседува нашиот Ѓоке, веќе една година го спонзорира прволигашот во германската фудбалска лига, поточно фудбалскиот клуб Мајнц 05. Благодарноста за поддршката на Андовски пак фудбалскиот клуб Мајнц 05, ја претставува на стадионот на сите натпревари со презентирање на неговото лого на кое стои македонското знаме.

Како вљубеник во спортот, со успешниот бизнис кој го води веќе 10 години, за него е чест да се помага еден градски фудбалски клуб како што е Мајнц 05.

Одличната соработка и потегот на Ѓоке исто така не изоставува и на негова промоција на тв преносите, каде постојано се врти македонското сонце и групацијата Андовски.

Ѓоке иако е роден во Германија, често го посетува селото Ратево.Размислува да се врати овде во овој наш крај и да придонесе на ова тло каде што припаѓа.

Ова е голем потег на Андовски, со што можеме сите Малешевци да бидеме горди на него, неговиот успех и промоцијата на Малешевијата и Македонија во Германија.

Инаку Малешевијата е расадник на успешни луѓе во целиот свет и може да се пофали со многу наши сограѓани кои се претприемачи, бизнисмени, лекари, научници, сопственици на бизниси низ светските метрополи. Младиот Андовски е уште еден позитивен пример за успешната работа и труд, со која несебично ги реализира своите планови.

Му посакуваме на Ѓоке уште многу успеси во иднина и едно големо браво за неговата несебична поддршка во германскиот спорт, со желба истиот успех и придонес да го пренесе и во Малешевијата.

  Категории: