ШАХПАСКА:ЗА КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ, НЕОПХОДИ СЕ ПОДАТОЦИТЕ ОД ПОПИСОТ.

ШАХПАСКА:ЗА КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ, НЕОПХОДИ СЕ ПОДАТОЦИТЕ ОД ПОПИСОТ.
март 12 20:53 2021

На денешната посета во Берово, министерката Јагода Шахпаска, одговори и на неколку новинарски прашања кои беа упатени од порталот Малеш Нет околу актуелната тема со пописот и сигурноста на попишувачите.

Еве што рече Шахпаска:

– Пописот е статистичка операција, а не политичко прашање. Ние како држава 20 години немаме основни податоци кои ни се неопходни, нам како Влада, а особено како Министерство за труд и социјална политика. При креирањето на нашите политики и носењето законски решенија и носењето одлуки кои треба да одговорат на потребите на граѓаните потребно е да ја знаете структурата на граѓаните. За нас е битен бројот на вработени, колкава е невработеноста, колкав е процентот на вклученоста на жените на пазарот на труд, колкав е процентот на еднородителски семејства, колку се корисници на гарантирана минимална попмош, колку од нив се вешти за да можат активно да се вклучат на пазарот на труд..

– Сите попишувачи кои поминуваат низ регуларната обука со која треба да бидат обучени како треба да го спроведуваат попишувањето секако дека имаат дополнителна обука во делот на протоколите и заштитните мерко – да носат заштитна маска, визир, дезинфекциски средства, да носат ракавици. На тој начин штитејќи се себе си ги штитат и граѓаните кај кои одат на попис, рече Шахпаска.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.