Циклонот „Димитар“ не предизвика поголеми проблеми на Истокот.

Циклонот „Димитар“ не предизвика поголеми проблеми на Истокот.
март 22 18:48 2018

Циклонот „Димитар“ не предизвика поголеми проблеми на Истокот. Сообраќајот се одвива нормално и без прекини, а проодни се сите магистрални и регионални патишта во Регионот.

Знаејќи за последните најави за нови врнежи од дожд и снег, екипи на Македонија Пат во текот на ноќта фрлиле 150 метри кубни ризла и 60 тони сол :

  • Иако не сме во прв и втор степен на приправност и немавме никаква обврска за чистење на снегот, сепак се организиравме и во секој зимски пункт имаме по едно возило, изјави Киро Коцев, технички директор на Македонија Пат – ПЕ Штип.

Освен на регионалните патишта, абразивен материјал се фрлаше и низ штипските улици, во раните утрински часови :

  • ЈП „Стипион“ интервенираше со одредени количини абразивен материјал, потрошени се околу 7-8 тони, кажа Сашко Протогеров, дир. на ЈП „Стипион“ – Штип.

Првиот бран од зимскиот циклон помина добро, но пред стабилизација на времето, не очекуваат нови врнежи :

  • Очекуваме поинтензивни врнежи во попладневните часови и речиси насекаде повторно ќе бидат од снег. До утре до крајот на денот би требало дополнително да се зголеми снежната покривка, рече Костадинка Арсовска, УХМР.

Токму поради овие најави, екипите на Македонија Пат остануваат на готовност и оваа ноќ :

  • Воведовме дежурства ноќеска за да можеме да интервенираме бидејќи најавуваат уште еден бран, дополни Коцев.

Стабилизација на времето не очекува викендот, кога времето ќе биде суво, но утринските температури во сабота и недела ќе паднат под нулата.

  Категории: