ХУМАНИ БЕРОВЧАНИ ДОНИРАА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО МЕМЕДОВИ ОД ДЕЛЧЕВО.

ХУМАНИ БЕРОВЧАНИ ДОНИРАА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО МЕМЕДОВИ ОД ДЕЛЧЕВО.
февруари 18 21:19 2021

Алармот за помош на семејството Мемедови од Делчево, ги активира и Беровчани кои несебично се вклучија во донирање на помош, со цел да придонесат за ублажување на состојбата на оваа фамилија.Самоиницијативно порталот Малеш Нет со неколку хумани луѓе, деновиве организираа донаторска акција на кој се јавија голем број Малешевци да помогнат  за решавањето на проблемот со едномесечното бебе кое страда од заболување на бубрезите.

Мајката на детето изрази благодарност до сите хумани луѓе кои донираа, надевајќи се на скоро решавње на нивниот проблем.

Во посета на семејството денес беа и претставници на Црвениот крст од  Делчево, како и невладината организација „Кхам“ кои уште еднаш покажаа интерес за ургентоста за помош и брзо решавање на тешката ситуација на ова четиричлено семејство кое е сместено во привременото прифатилиште во Делчево.

Инаку голем број на хумани луѓе и организации се вклучија во донирање помош за ова четиричлено семејство, а случајот ги размрда и институциите кои се надеваме дека ќе излезат во пресрет и ќе го решат горливиот проблем на Мемедови.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.