ФАНТАСТИЧНА ПОСЛЕДНА ВЕЧЕР НА БЕРОВСКИОТ ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ.

август 29 01:45 2018

Многу луѓе собра последната вечер на Етно плоштад фестивалот во Берово, кои непрекинато се забавуваа и уживаа во артистите кои настапија на сцената на градскиот плоштад.Извонредната Мијата, на еден необичен начин ја изпрезентира својата музика преку глума и пантомима на богатата сцена која беше преполна со најразлични елементи, а целата беше опкружена со јаболки и круши исто како на нејзиниот музички проект насловен Јаболки и Круши за Уметнички Души.Токму овој начин се покажа ефективен за Беровската публика, која со голем интерес го проследи настапот на уметничката.

Добропознатиот музички тандем, беровските срцекршачи Ангел и Иван, уште толку ја подигнаа атмосферата, каде публиката непрекинато ги пееше нивните песни.Во двочасовниот настап, нашите Ангел и Иван ги изнаиграа сите, а нивниот репертоар беше наменет за сите старосни граници.

Сцената на последната вечер на фестивалот ја запали ДЈ СЕНЕ кој заедно со неговиот гостин ДЈ КЕКИ, најстариот ДЏ во Малешевијата и пошироко, настапија со двочасовен Хип Хоп сет кој навистина добро им дојде на Беровчани, па шлагот на вечерта публиката го славеше до 6 часот наутро на афтер парти во кафе Ливе.Со тоа се заокружи 10-то јубилејно издание на Етно Плоштад фестивалот во Берово, кој според музичките критичари за поздравување е дека за прв пат оваа година се негуваа домашните артисти во повеќе стилови на музика.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.