Недостиг на судии во Основниот суд во Берово. Денес, на нејзино барање, Судскиот совет ја разреши од функцијата претседател на беровскиот, но и судија во Основниот суд Емилија Буриќ Прошева која се сели во канада.
За ВД претседател на Основниот суд Берово е поставена досегашната заменкчка во Основниот суд во Берово, Ленка Симеска. На наредната седница ќе биде распишан оглас за претседател на Беровскиот суд.
Во моментов, Беровскиот суд има само двајца судии Ангел Пехчевски и Ленка Симевска. Двајцата се пред пензија, па од наредната година, ако не бидат избрани млади судии во овој суд, беровскиот суд ќе се соочи со сериозни проблеми.
Од Штипскиопт апелациски суд, под чија надлежност е Основниот суд во Берово информираат дека како привремено решение ќе се искористи системот замена на судии. Тоа значи дека судија од друг суд ќе биде ангажиран на одреден временски период во Берово.
Инаку, освен судот во Берово, со недостиг на судии се соочувата и судовите во Делчево, Виница и Свети Николе. Значителен, но не и доволен број судии имаат само судовите во Штип, Струмица и Кочани.
Извор: Тв Стар